за ,

Lexus најавува студија на ултимативна луксузна лимузина за Токио

Луксузната марка на Toyota ќе прикаже студија за идната генерација на врвни крстосувачи. Вообичаено за Lexus, со најавата оди само една фотографија, без какви било детали. Неизвесноста ќе трае до 28-ми октомври.

Според денешното соопштение од Lexus, луксузната марка на гигантот Toyotа, на 28-ми октомври, точно во 13 часот и 45 минути локално време ќе го претстави студискиот автомобил што ја најавува идната генерација врвни крстосувачи. Како што е веќе традиција во Lexus, освен фотографијата која што прикажува само детал од изгледот на автомобилот, други податоци не се објавуваат.

На салонот во Токио ќе бидат прикажани вкупно 11 модели на Lexus: Освеженото моделско годиште на Lexus GS, заедно со екстремната спортска верзија GS F со 477 КС, ќе доживеат домашна премиера, а заедно со нив дефилира новата генерација на големиот кросовер RX. Сите три модели веќе доживеаја светска премиера на салоните во САД и во Германија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинези ќе помагаат за сериското производство на електричниот Aston Martin

Пожарите во ванот Zafira го ставаат и Opel во немилост