123
17 shares, 123 points

Долго време Volkswagen ги стегаше уздите на шпанската марка. Но, стратегијата се смени. Спортските модели многу подобро му прилегаат на Seat. На Шпанците сега им е дозволено да ја предводат трката.

Во вообичаено деталниот тест на Германците, шпанскиот GTI го победи оригиналниот GTI. Магазинот Auto Bild оценува дека Cupra изгледа многу поагресивно, меѓу другото и со сериските диодни светла, раскошните бандажи од 19 инчи и впечатливиот заден спојлер. На тест возењето по планинските патишта во близина на Барцелона се покажа дека „моделот од Волфсбург не го гризе асфалтот толку луто како неговиот шпански противник“. Seat извлекува дополнителни 60 КС од дволитарскиот турбо и тоа се потврдува во возењето.

„Благодарение на механичката блокада Leon подобро ги совладува и брзите свијоци, без колебање и со застрашувачко темпо.“ Огромната моќност на Leon пречи само во најострите свијоци: „Подуправувањето е слабо, 280-те КС ја ставаат на проба предната оска при забрзување на излез од свијок и моќта се претвора во чурење на гумите. Golf се вози полесно во истите свијоци, првенствено поради тоа што неговата помала моќност се дозира подобро.“

Приспособливото подвозје е во серискиот пакет на Cupra и нуди избор меѓу агресивно спортско возење во модусот Cupra и релаксирано возење во комфорниот модус. „На тој начин Cupra се претвора во семеен тркач, кој нема проблеми и на лош пат“, пишува Auto Bild.

На крајот останува можноста Golf да победи во цените. Дополнителните 60 КС кај Seat чинат само 495 евра повеќе. На германскиот пазар Leon Cupra чини 33.810 евра, наспроти Golf GTI со менувач DSG за 30.600 евра. Но, кога на Германецот ќе му се додадат ставките што следуваат во сериската опрема на Cupra, како приспособливо подвозје за 1000 евра, бандажи од 19 инчи за 1.255 евра и радио со поддршка за блутут за 460 евра, излегува дека Seat е поскап за само 495 евра. Тоа е цената на дополнителните 60 КС на Cupra.

Авторот Гералд Чајка заклучува: „Шпанците огнено го дотераа суперлеонот, кој и покрај тоа не удира непријатно. 280-те КС се будни во секој момент, а приспособливото подвозје прави одличен компромис меѓу тркачка патека и градска населба, додека цената се држи во разумни граници, со оглед на богатата опрема.“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

123
17 shares, 123 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3813