за

Колку се „безбедни“ Лего-автомобили при судир?

Краш-тест АДАК лего коцки
Краш-тест АДАК лего коцки

Клубот АДАК во соработка со ИТ-специјалисти направи необичен тест, со цел да утврди дали компјутерска симулација може да замени вистински судир. Прво беше изведен дигитален, а потоа и вистински тест. Резултатот: Симулацијата е корисна, но судир во вистински услови сепак е незаменлив во тестовите.

Портокалов Porsche 911 GT3 RS и син Bugatti Chiron во тест буквално еден против друг. Ваков дуел досега се нема случено на официјалните тестови, но затоа најголемиот европски клуб на возачи АДАК и тим од ИТ-специјалисти ја презедоа пионерската улога – со мала забелешка. Станува збор за китови за составување од овие два брзински монструми од Лего, во осумпати помало издание од оригиналите. Porsche удри со 60 km/h во средишниот столб на Bugatti. При судирот се разлетаа стотиците лего-коцки, автомобилите беа уништени тотално.

Компјутерски експерти од специјалистот за симулации Dynamore повеќе недели ги внесуваа својствата на користените лего-коцки во својот софтвер и детално го моделираа страничниот судир. Потоа следеше прикажување на претходно пресметаниот исход од судирот во „суперкомпјутерски“ центар во Штутгарт, во тридимензионален приказ и со користење на таканаречен Cave. Иницијатор на тестот е германскиот компјтутерски магазин „c’t“, кој пред две години, исто така со АДАК, судри Porsche од лего коцки во ѕид.

При вистинскиот краш-тест во техничкиот центар на АДАК во Ландсберг снимаа многубројни камери, со брзина до 1.000 фотографии во секунда. Автомобилите во реални услови беа оштетени многу повеќе отколку при компјутерската симулација.

Заклучокот од експертите на АДАК: Колку и да напредуваа комјутерските симулации, реалните краш-тестови сепак се неизоставни. Безбедноста едноставно нема цена.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla фабрика кина

Tesla стартува со производство во Кина веќе во октомври

Електричната Kia e-Niro со награда на изборот на Carwow

Електричната Kia e-Niro со награда на изборот на Carwow