за

Рекорд на Land Rover со колона од 632 возила

Land Rover rekord kolona

Колона од 632 возила од марката Land Rover парадираше низ германскиот град Бад Кислинген, поставувајќи нов светски рекорд. Тоа е многу повеќе од досегашниот рекорд од 516 возила, коишто се собраа во Португалија во 2014 година

Сопствениците на теренци од британскиот специјалист го поставија рекордот во годината кога Land Rover го одбележува 70-от роденден. Крајното одредиште на рекордерската колона беше салонот за теренски возила во Бад Кислинген, којшто исто така е најголем од овој вид во светот. „Abenteuer & Allrad“, односно во превод Авантура и Погон на сите тркала, започнува денес и трае до 3-ти јуни.

Повеќе од 1.500 учесници пристигнаа со 632 возила во регионот Унтерфранкен по покана на германскиот огранок на Land Rover. Во колоната беа присутни речиси сите модели, од првата генерација на Land Rover до последниот модел Velar.

Колоната долга седум километри ја предводеше германската филмска ѕвезда Хајно Ферх со својот Land Rover Defender. За официјализирање на рекордот, од Лондон пристигна и претставничка од седиштето на Гинисовите Светски Рекорди.

Британската марка од почетокот на годинава ја одбележува седмата деценија постоење. Првиот Land Rover бил претставен премиерно на салонот во Амстердам, на 30-ти април 1948 година.

На рекордот му претходела повеќемесечна подготовка. Услов е возилата во колоната да се постојано во движење и меѓу возилата да не се создава растојание поголемо од две должини на возило. Учесниците се координираа во колоната користејќи сопствена радио врска.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fiat 500

Fiat се враќа од САД и Кина: Останува само Jeep?

Mitsubishi Outlander PHEV

Хибридниот Outlander е тивкиот шампион на Mitsubishi