за

Land Rover Defender Ultimate RS вози со осумцилиндарец со 500 КС

Британската тјунерска работилница Urban Truck претстави екстремно лута верзија на Land Rover Defender. И името е погодено: Ultimate RS.

Во тјунерската работилница Urban Truck не беа задоволни со 2,2-литарскиот дизел од Land Rover во носот на Defender. Моторот е сосема пристоен, со дебела испорака на вртежен момент при ниски вртежи, погодено за теренско возење, но за секојдневно користење по патиштата сепак му недостига сила. Тјунерите го решија „проблемот“ со вградување 6,2-литарски V8 од Corvette под хаубата на робусниот теренски автомобил од старата школа. Новиот мотор испорачува моќност меѓу 430 и 500 КС, зависно за кој степен ќе се реши нарачателот. Менувачот е автоматски со шест степени.

landroverd2

Изгледот не остана без траги од имплантацијата на моќ. Се гледаат дебели издувни цевки, детали од карбон, бандажи од 18 инчи, додека внатре има вградено неколку метри квадратни скапоцена кожа, како и спортски волан и седишта. Со петте инчи, очигледно дека и растојанието од подлогата е драстично помало во споредба со оригиналната верзија на Defender. Цената? Ако „Обичниот“ RS чини близу 100.000 фунти, може да претпоставите колку тогаш би чинела верзијата Ultimate RS.

landroverd3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најбудалестите автомобилски видеа на годината

Што е поцврсто: Челик или алуминиум?