за

Land Rover вечерва со веб-пренос од прославата на 70-годишината

land rover 70 godini

Land Rover вечерва во 21 часот ќе го пренесува во живо одбележувањето на 70 годишнината на марката на својот канал на Youtube. На 30-ти април пред седум децении, на салонот во Амстердам беше претставен првиот Land Rover. Во годините по војната, пазарот имаше потреба од возила со универзална функцоналност, коишто можеа да се користат во земјоделството или во градежништвото. Од универзална машина, Land Rover прерасна во специјалист за теренски возила, со повеќе од 7 милиони возила продадени досега.

На прославата ќе учествуваат и голем број личности коишто придонесоа Land Rover да се издигне во култна марка

На сцената во фабриката на Land Rover во Ковентри ќе бидат изложени првиот прототип на Land Rover, првиот Range Rover со две врати и верзија на Discovery со седум седишта, како и модели коишто се докажале на многубројни еклспедиции во сите изминати декади досега. Секако дека историјата на марката не ја создавале само автомобилите, туку луѓето во нив. На манифестацијата ќе присуствуваат голем број познати личности, политичари и членови од кралското семејство.

Сите досегашни генерации на Land Rover Discovery

Новиот Land Rover Discovery се управува и од небо

Land Rover развива автопилот за теренско возење

Може ли Land Rover да повлече вагони тешки над 100 тони?

Јубилејниот Land Rover Defender вреди 400.000 британски фунти

Прославата на 70-годишнината започна уште во јануари, со реставрацијата на еден од трите претсериски примероци на Land Rover од салонот во Амстердам во 1948 година. Производителот во сите овие години намерно ги имаше оставено историски непроценливите возила во оригиналната состојба.

Со истиот повод беше изработена и ексклузивна серија од Defender Works V8 со 405 КС. Моделот за одбележување на 70-годишниот јубилеј ќе се изработи во само 150 примероци.

Почеток на преносот во 21 часот на https://www.youtube.com/user/landrover

Хронологија на 70-те години на Land Rover

 

  • 1948 Land Rover Series I претставен на авто-салонот во Амстердам
  • 1953 Изведба со продолжено меѓуоскино растојание
  • 1956 Тимови од Оксфорд и Кембриџ учествуваат во експедицијата од Лондон до Сингапур
  • 1958 Претставен Land Rover Series II со променет дизајн
  • 1970 Започува продажбата на Range Rover со две врати
  • 1971 Претставен е Land Rover Series III
  • 1972 Range Rover го минува Дарјенскиот расцеп на трансамериканска експедиција долга 18.000 милји (ca. 29.000 km)
  • 1976 Произведен е 1.000.000-от Land Rover
  • 1979 Range Rover победува на првото рели Париз-Дакар (и во 1981)
  • 1981 Land Rover ја започнува легендарната соработка со Camel Trophy
  • 1981 Range Rover со четири врати
  • 1989 Land Rover Discovery, како трет модел на марката
  • 1990 Враќање на оригиналниот ‘Landie’ под моделското име Defender
  • 1994 Втора генерација на Range Rover
  • 1997 Претставен е Freelander со иновативна технологија Hill Descent Control
  • 2001 Трета генерација на Range Rover со независна пневматска суспензија
  • 2003 Прв G4 Challenge, со 16 тимови кои возат низ САД, Јужна Африка и Австралија
  • 2004 Концепт Range Stormer како најава за Range Rover со екстремни перформанси и со три врати
  • 2004 Discovery 3/LR3, трета генерација на Discovery, деби на салонот во Њујорк
  • 2005 Претставен е новиот Range Rover Sport
  • 2006 Freelander 2/LR2, како прв Land Rover од фабриката во Хејлвуд
  • 2008 Концепт LRX како најава за идниот компактен модел од премиум сегментот (Range Rover Evoque)
  • 2009 Четврта генерација на Land Rover Discovery
  • 2010 Деби на Range Rover Evoque, прв компактен СУВ во премиум сегментот
  • 2012 Четврта генерација на Range Rover – прв СУВ со комплетно алуминиумска каросерија
  • 2013 Нова генерација на Range Rover Sport, деби во Њујорк
  • 2014 Стартува со работа Special Vehicle Operations (SVO) за изработки по специјална нарачка
  • 2014 Деби на Range Rover Sport SVR, најбрз, најдинамичен и најмоќен Land Rover
  • 2014 Discovery Vision Concept како најава за новото семејство модели Discovery
  • 2014 Деби на Discovery Sport, компактен СУВ од премиум сегментот со 5+2 седишта
  • 2015 Три специјални серии за испраќање на Defender се претставени со најголемиот песочен цртеж во Велика Британија
  • 2015 Ексклузивна верзија Range Rover SVAutobiography со продолжена каросерија има деби во Њујорк
  • 2015 Evoque Convertible е прв компактен СУВ кабриолет од премиум сегментот
  • 2015 Уникатен Land Rover ‘Defender 2,000,000’ достигнува вредност од £400,000 на хуманитарно наддавање
  • 2016 Defender заминува од производство
  • 2016 Комплетно нов Discovery со премиера на иновативно далечинско соборување на задна клупа
  • 2017 Velar пристига како четврти модел на Range Rover
  • 2018 Range Rover SV Coupé во ограничена серија е претставен во Женева

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

силициум батериска техника

Силициумот пристига како нова батериска техника

polestar 1 ceni objava

Volvo ја објави цената за електричниот Polestar 1