за

Land Rover ќе понуди 25 препородени примероци од пра-теренецот

Land Rover искажува почит кон својата вредна традиција и кон останатите почитувачи на истата со понудата од 25 фабрички реставрирани примероци од првата генерација на Defender.

Одделението за историски возила на Land Rover има понуда на којашто колекционерите повторно нема да можат да одолеат. Британската марка што е синоним за теренските автомобили им нуди на заинтересираните купувачи можност да купат еден од 25-те примероци од првата генерација на Defender, совршено реставрирани со користење на оригинални резервни делови и врвна техничка експертиза.

land rover defender reborn 3Идејата за 25-те „препородени“ примероци од олдтајмерот ќе биде претставена под иницијативата „Reborn“ на салонот на олдтајмери во Есен, Германија. Целата серија возила е грижливо избрана од глобалната мрежа на Land Rover и ќе подлежи на комплетна реставрација според оригиналната спецификација од 1948 година. Купувачите ќе можат да ја избираат дури и бојата на каросеријата, секако според оригиналот: Светло зелена, бронзено зелена, раф-сина, сива и црвена.

Секој клиент ќе може да им се обрати на експертите на Land Rover Classic и да го избере возилото што ќе биде реставрирано лично за него. Секако дека клиентот ќе има можност да го следи секој чекор од реставрацијата во новоизградената работилница на историското одделение во непосредна близина на фабриката во Солихал. Следното што се подразбира во целиот овој проект е секако цената на возилата. Таа не се објавува, затоа што станува збор за индивидуален изборна клиентот, но сосема е јасно дека поскап и повреден примерок од оригинално реставриран Defender во Land Rover не може да постои.

land rover defender reborn 2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche не е виновен за загинувањето на Пол Вокер

Колбасите причина за полициска интервенција на акционерското собрание на Daimler