за

Land Rover измисли хауба што станува проѕирна

Возењето по тешко пристапен терен ќе биде поедноставно со новата технологија на Land Rover. Камери во носот на возилото му проектираат на возачот што се случува со тркалата.

Британците ја прават премиерата на концептниот автомобил Land Rover Vision уште понеизвесна со најавата на технологијата на „проѕирна хауба“. Камерите што се вградени во маската ја проектираат сликата под возилото во видното поле на возачот, односно прават хаубата буквално да изгледа како да е проѕирна. Новата технологија го олеснува маневрирањето по тежок терен или минувањето преку поголеми пречки на патот, истовремено прикажувајќи ги аголот и позицијата на предните тркала.

Концептниот автомобил Discovery Vision ќе претстави уште неколку напредни технологии при премиерата на салонот во Њујорк на 16-ти април.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota го урива лошиот глас на сервисните повици

Германски научници прават гориво од СО2