166
23 shares, 166 points

Не е потребна научничка титула да се препознае дека Jaguar и Land Rover моментно испишуваат едно од најглавните поглавја во својата историја. Тоа станува уште појасно откако целата моделска гама ќе се испроба на дело.

Во септември по македонските патишта гостуваше дузина модели на Jaguar и Land Rover, во промоција на новиот увозник Аутомобили Груп и на трансформацијата што двете традиционални британски марки ја комплетираа, почнувајќи од почетокот на деценијава. Првиот дел од пробното возење го посветивме на Jaguar , продолжуваме со Land Rover.

Land Rover Above and Beyond 14

Најважниот во овој возен парк од „лесни оклопни возила“ е Discovery Sport. Тој не е ниту најскапиот, ниту најугледниот, ниту најнапредниот модел на Land Rover во моментов, но е важен поради тоа што од него започна да се отплеткува актуелното поглавје на марката, откако првиот чекор беше направен со Range Rover Evoque. Наследникот на Freelander беше претставен премиерно во септември 2014 година, најавен од Land Rover како најспособен и најпрактичен модел во сегментот.

Land Rover Discovery Sport го продолжи залетот што го даде Evoque

Британските специјалисти решија да се ослободат од имиџот на Freelander, когошто го следеше глас на ненадежен автомобил уште од времето кога сопственик беше Rover. Од овој негативен имиџ, којшто само малку се поправи по преоѓањето под сопственост на Ford, денес не останало ништо. Не само тоа, туку повеќето од конкурентите остануваат во длабока сенка покрај начинот на когошто Land Rover ја спојува традицијата со најнапредната технологија.

Land Rover Above and Beyond 3

Платформата е заедничка со „конкурентскиот“ Jaguar Е-Pace и Range Rover Evoque, со масовна примена на алуминиум и интелигентна конструкција на задната оска што овозможува рационално искористување на просторот. Иако со димензиите не отстапува премногу од конкурентските модели, Discovery Sport сепак располага со доволно простор за три реда седишта. Теренските способности се неоспорни, а ако е потребна потврда и со бројки: Disco Sport може да понира во вода до длабочина од 60 сантиметри.

Преоѓањето на алуминиум и самоносечка каросерија симна половина тон од Land Rover Discovery

Во минатата пролет следеше и вистинскиот Discovery, развиен и претставен пред светот според основното начело дека единствено Land Rover може да биде подобар од Land Rover. Алуминиумот и преоѓањето на самоносечка каросерија му одзедоа 480 килограми од тежината во споредба со претходникот, но тоа не му одзеде ништо од способноста за влечење. Три цели тони и уште половина тон смее да се закачат на влечната кука на овој петметарски крстосувач.

Land Rover Above and Beyond 9

По 27 години опстојување на моделското име и над 1,2 милион продадени примероци, веројатно не е останато место на планетава каде што Discovery не згазнал. Во возењето е тешко да се забележи дека станува збор за автомобил за кого што е потребно половина час додека се обиколи, Discovery е кроток и спокоен. Можеби токму оваа смиреност во возењето е причината што пред пробното возење на целата моделска гама требаше да се минат теренските предизвици симулирани преку вратоломни рампи на покривот на салонот на Jaguar и Land Rover.

Понирање во вода длабока до 900 милиметри

Само неколку од бројките во личната документација на Disco: Автоматско спуштање за 40 милиметри заради полесен пристап, 900 милиметри длабочина на понирање во вода, 6 приклучоци за 12 волти, до 8 корисници на мрежа и 4 таблети, 9 УСБ-приклучоци, бензинец 3.0 V6 со механички компресор и 340 КС и шестцилиндарски дизел со 258 КС во пробниот модел, кој работи небаре е електромотор. Знак на распознавање, покривот на две нивоа, по пример на претходникот.

Land Rover Above and Beyond 5

Колку Land Rover обожува да си игра со своите нови модели најдобро покажува ангажирањето на белосветскиот авантурист Бер Грилс, кој во групен скок со падобран ги намести седиштата во Discovery користејќи мобилна апликација. Не е далеку времето кога специјалист за терен и „бритишнес“ ќе ја реализира технологијата што преку примена на камери ќе направи хаубата да исчезне од видното поле, отворајќи му на возачот чисто видно поле.

Velar е како концептен автомобил да побегнал од премиера на салонски штанд

Кога се чинеше дека барем неколку месеци светот ќе здивне од спектакл-мајсторот, следеше уште една сензација. Velar, именуван според првата серија прототипи пред Range Rover да се појави на свет. Како дизајнот на каросеријата да е недоволен, па во тест-возилото пречекуваше и ентериер во бело, вклучувајќи го и воланот. Купе-теренецот изработен врз платформата на Jaguar F-Pace изгледа како концептен автомобил побегнат од премиера на салонски штанд, вклучувајќи и детали како сокриени рачки на вратите. Благородничкиот и надмен стил на Velar во иднина ќе созрева и за поголемите модели на „ролс-ројсот“ меѓу теренците.

Land Rover Above and Beyond 7

А, што е со овој шминкерски портокалов кабриолет на база на Range Rover Evoque? Тој може да се разбере или како историски најверно отелотворување на британскиот хумор во автомобил или како понижувачки чин за закоравените производители на автомобили од континентот, на коишто и смената на маската им е доволна да прогласат нова моделска генерација. Доволно е што барем уште неколку години Evoque Convertible ќе остане единствен веродостоен спој на кабриолет и теренец. Меѓу другото, првиот Land Rover беше теренец кабриолет.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
23 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743