Со воведувањето на суперспортскиот СУВ како трета моделска серија, Lamborghini направи одличен погодок. Вкупната продажба порасна за повеќе од половина, прометот достигна 1,42 милијарда евра.
Рекорди во секој поглед за Lamborghini лани. Бројот на продадени автомобили, прометот, заработката, не биле подобри во 55-годишната историја на марката од Сант Агата д‘Болоњезе. Испорачани се вкупно 5.750 возила, со рекордни резултати во главните продажни региони, во Европа, Америка, Азија. Најголема заслуга за тоа има воведувањето на Lamborghini Urus, теренец на суперлативи, кој лани достигна продажба од околу 2.000 приомероци. Во исто време расте и продажбата на Aventador и Huracan.
Lamborghini ангажира 70% повеќе персонал отколку пред пет години
Со новите вработувања на завршетокот на минатата година, персоналот на суперспортската марка се зголеми на повеќе од 1.750 лица. За период од пет години, Lamborghini го зголеми својот персонал за 70 проценти.
Продажната мрежа опфаќа 157 дилери во 50 држави. Шефот Стефано Доменикали очекува дека растот на продажбата ќе продолжи и годинава. Нема најава за нови модели, но скромно се спомнува воведување нови технологии и иновации. Тоа не значи друго, освен електрификација на погонската спрега, барем во најосновната форма.
Lamborghini Aventador SVJ Roadster побрз од честичките ПМ10
Новите модели на Lamborghini ќе користат хибриден погон
Lamborghini Aventador SVJ со рекорд во сериската опрема
Lamborghini одбележува 50-годишнина на Espada и Islero