за

Lamborghini Urus со „помошен електромотор“ пристига наскоро

lamborghini urus

Верзија на суперспортскиот СУВ на Lamborghini со хибриден погон ќе биде претставена на преодот во следната декада. Додека Сант Агата пушти модел со погон само на батерија, сепак ќе мине уште долго време

За Lamborghini да понуди модел со погон што ја црпи силата само од енергијата во батериите, потребно е тој да исполни само два услови: Да биде побрз од 300 километри на час и да биде способен да извози три кругови на Нирбургринг со тркачко темпо. Првиот услов не би требало да е проблем за денешната техника, но вториот услов е сериозен предизвик на когошто мора уште да се работи.

Прашањето кога суперспортската марка од Сант Агата ќе пушти автомобил со погон на батерија почна да се поставува откако Lamborghini го претстави концептниот автомобил Terzo Millenio, приближно пред една година. Преку суперавтомобилот од „третиот милениум“ беше најавена соработката со супернаучничкиот тим на МИТ, славниот Технолошки институт на Масачусетс, во развој на батерија за суперспортски автомобили.

МИТ во 2019 година ќе ги комплетира истражувањата околу батериите за суперспортските автомобили

Истражувањата на ова поле се очекува да завршат во 2019 година, па дури потоа може да се очекуваат поконкретни планови како и датуми, кога евентуално би стартувал Lamborghini што ќе вози само на батерија. Во секој случај, додека се појави Aventador чијшто мерач на гориво ќе изгледа како лента за наполнетост на мобилен телефон, ќе минат барем уште неколку години.

Lamborghini Terzo Millennio

Наспроти тоа, сосем е извесно дека кон крајот на следната година, во гамата на Lamborghini Urus ќе се појави верзија со хибриден погон. Тоа не би требало да претставува проблем, затоа што техниката веќе масовно работи во Porsche. Спортската марка сестра од концернот наскоро ќе стартува и со електричниот Mission E, така што и погонот на батерија не би требало да е проблем за Lambo.

Но, главната пречка за марката со бикот да почне да вози на батерија е отсуството на звук и на вибрации од моторот. Според Фабрицио Реџани, главен техничар на Lamborghini, електромоторите не можат да ги произведат вибрациите и звукот што прават возењето на суперспортски автомобил да биде возбудливо доживување. Кај суперспоретските автомобили, сé е околу емоциите, додава Реџани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault, Zoe, Жил Норман

Renault подготвува уште три електрични модели

Mercedes ѕвезда Мак Аутостар

Скопје доби шестметарска ѕвезда на Mercedes