за

Lamborghini Urus во песочна авантура пред премиерата

Lamborghini Urus sabbia

Останува уште неполн месец до појавувањето на суперспортскиот теренец на Lamborghini. Како докажани мајстори за спектакли, Италијанците дополнително ја подгреваат атмосферата пред премиерата. Објавено е видео на коешто се гледа кaко Lamborghini Urus се забавува во пустинскиот песок.

Необично е автомобил под заштитен знак на бик да се види во оваа средина, но уште малку и тоа ќе се смени. Urus, инаку, не е првиот теренец на болоњезите. На времето беше прашање кој е поспособен теренец, Lamborghini LM002 или Hummer. Од тоа што се гледа на видеото, нема планина што е превисока, ниту пустина што е премека за Urus.

Lamborghini Urus е првиот теренец што поседува и режим за тркачка патека

Преку контролерот Animo може да се изберат различни режими на работа на погонската спрега и подвозјето, слично на Terrain Response кај Landy. Режимите Strada, Corsa и Sports логично се наменети за пат, тркачка патека или спортско возење. Нови се Sabbia, Terra и Neve. Првиот од нив е ѕвезда во видеото и наменет е за мек песок, Terra е за земја и кал, додека последниот режим е за снег.

Lamborghini пред пет години првпат го прикажа концептот Urus. Дури во почетокот од годинава следеше официјална потврда дека производството на супертеренецот ќе започне во април. Плановите се одложија, но само до 4-ти декември кога Lamborghini Urus ќе ја доживее својата светска премиера.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

opel ampera-e златен волан

Златен волан за концернот Volkswagen и за автомобил што не се продава

чистење на ветробранот

Го исчистивте ветробранот?