за

Lamborghini Urus оди само со посебни обувки, јакна и куфер

lamborghini urus kolekcija

Доколку двестоте илјади евра за Lamborhini Urus се чинат достижни, не смее да се заборави дека и сé останато мора да биде компатибилно со италијанската суперспортска марка. Компатибилно значи скапо. Тоа во случај некој да се излаже дека Lambo (сé уште) се купува заради возењето.

Првиот суперспортски теренец во светот уште е загреан по премиерата, а специјалистот за брзина и моќ од болоњската Сант Агата веќе подготви серија производи што сака да ги продаде заедно со теренецот од 200.000 евра. Lamborghini Urus не смее да се вози со обични обувки и јакна, а уште помалку смее да се помисли в рака да се држи чанта од непозната марка.

Три марки нудат помош во овој случај: Enzo Bonafe, Hettabretz и Tecknomonster. Сите тие изработија специјална серија производи во чест на лансирањето на Lamborghini Urus. Супер-комфорните мокасини од Enzo Enzo Bonafe се нудат во две верзии и три бои. Рачната изработка се подразбира.

Добра комбинација е кожената јакна од Hettabretz, локална фирма со светско име. По инспирација директно од суперспортскиот теренец, изработена е серија од 30 јакни. За крај, следува сет од четири куфери од Tecknomonster, марка којашто изработува куфери од карбон. Сетот е посебно димензиониран да го собере во багажникот на Urus.

Сите овие производи може да се купат во специјалниот салон во седиштето во Сант Агата. Салонот е опремен со мебел Riva 1920. Посетата е можна само по претходно закажување.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електричните автомобили цо2

Електричните автомобили ги спасуваат производителите од дебели казни

volkswagen-e-golf-300km

Volkswagen воведува втора смена за електричниот Golf