168
27 shares, 168 points

Суперавтомобилите на Lamborghini веќе во следната генерација ќе почнат да добиваат асистенција од електромотори. За традиционалистите да се одоброволат, Сант Агата им го подготви сензационалниот концепт Lamborghini Terzo Millennio, развиен со креаторите на иднината во МИТ.

Lamborghini разви концепт на електричен суперавтомобил од иднината во соработка со прочуениот МИТ, институтот кадешто се создаваат врвните технологии. „Lamborghini of the Terzo Millennio“ прави чекор подалеку во иднината во поглед на конструкцијата и технологијата, но во изгледот, перформансите и најважното за марката, емоциите, тој и натаму е чистокрвен Lamborghini.

Lamborghini Terzo Millennio 8

Батерискиот систем и иновативните материјали се дело на Истражувачката лабораторија Динка, водена од професор Мирчеа Динка, додека на погонот, дизајнот и емоциите работеше Групата за механосинтеза на професор Џон Харт. Работата на проектот на обата оддела на Технолошкиот институт Масачусетс беше финансирана од Lamborghini.

Lamborghini Terzo Millennio е одговорот на Aston Martin Valkyrie, Mercedes-AMG Project One и McLaren BP23

Проектот започна пред точно една година, со цел да се применат иновации во батериската технологија и во материјалите. Место обични батерии, Lamborghini за третиот милениум користи суперкондензатори. Во актуелниот Aventador веќе се користат нисковолтни суперкондензатори за старт-стоп системот. Концептниот автомобил прави радикален исчекор во овој поглед.

Lamborghini Terzo Millennio 7

Предноста на суперкондензаторите е во тоа што испорачуваат висока максимална моќност и овозможуваат регенерација на кинетичката енергија. За разлика од обичните батерии, влијанието на стареењето и ограничениот број на циклуси на празнење се сведени на минимум. Покрај тоа, системот може во исто време да испорачува и да акумулира електрична енергија.

Целата каросерија на Lamborghini Terzo Millenio е „батерија“

Револуцијата во акумулациските системи ја следи и револуција во материјалите. Карбонот останува „основен“ материјал, но има иновација во конструкцискиот пристап. Целата карбонска школка и комплтната каросерија на Terzo Millenio служат како акумулатор.

Lamborghini Terzo Millennio 5

Научниците од МИТ имаат уште една спектакуларна технологија: Карбон што самостојно се „лекува“. Мониторскиот систем ги следи промените во карбонската структура. При на појава на пукнатини или оштетување од судир, микро-каналите во структурата ја испуштаат специјалната хемикалија во нив и го започнуваат процесот на регенерација. Тоа овозможува карбонот да се користи во уште поголем обем и води кон натамошно смалување на тежината на возилото.

Електромоторите во сите тркала со специјален светлечки ефект

Во секое тркало на Lamborghini Terzo Millennio е интегриран електромотор. Тоа е идеја што како стандард се следи во речиси сите концептни автомобили. За Lamborghini, тоа е шанса да им се даде повеќе слободен простор на дизајнерите и инженерите за аеродинамика.

Lamborghini Terzo Millennio 2

Во изгледот на Terzo Millenio се препознава дека е дело на сопствените дизајнери на Lamborghini. Иновациите произлегуваат од комплетно новата архитектура на возилото и овозможуваат совршено водење на воздушните струи. По пример на Aston Martin Valkyrie, стандарди“ постојат само во кабината, којашто треба да обезбеди простор за две седишта и цврстина. Сé останато може да биде изведено по пример на тркачките болиди во Формула 1.

Lamborghini Terzo Millennio 3

Ниската тежина, напредната аеродинамичност и сите предности од електричниот погон ќе ги подигнат возните својства и возачкото искуство на следното ниво. Во тој поглед има уште една возбудлива новина. Возачот може виртуелно да извози тркачка патека, на пример Имола, за потоа самиот да се впушти во трка со виртуелниот автомобил што се движи пред него по идеалната линија и со идеалното темпо.

За ваков електричен автомобил, веројатно и најтврдокорните традиционалисти на Lamborghini со мотор V12 би отстапиле.

Lamborghini Terzo Millennio 3


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

168
27 shares, 168 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743