141
19 shares, 141 points

Со 160 автомобили продадени лани и раст од 48%, Швајцарија е меѓу десетте најважни пазари за Lamborghini во светот.

Lamborghini отсега е присутен со пет салони во Швајцарија. Посебно во члест на отворањето на новиот салон во Цирих се одржа и локална премиера на Huracan Evo, кој во март првпат се појави пред јавноста на салонот во Женева.

Швајцарија е во Топ 10 пазари за Lamborghini во светот, гледано според продажбите. Но, алпската земја има и дополнително значење поради тоа што во неа живеат голем број љубители на автомобилите од врвната лига (читај мултимилијардери), така што потенцијалот за привлекување нови купувачи е огромен.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со Lamborghini Zürich раководи Hirsch AG, за којашто ова е втор салон на италијанската марка, откако лани отвори салон во Сент Гален. Лоциран во Клотен, во северниот дел од Цирих, салонот од 1.000 метри квадратни е изведен со новиот корпоративен дизајн на марката. Посебно внимание е посветено на просторот кадешто се договараат изработките на возила по посебна нарачка.

Лани на швајцарскиот пазар беа испорачани 160 возила (+48%), а за годинава се очекува продажбата да постигне уште поголем раст, затоа што 2019 ќе биде прва полна година за супер-СУВ моделот Urus.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
19 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *