185
23 shares, 185 points

Lamborghini три години соработува со прочуениот МИТ во развој на нови суперкондензатори. Направен е првиот и најважен чекор, патентирање на новата технологија што ќе даде уште посилен поттик за електричниот погон.

Соработката меѓу Lamborghini и прочуениот Технолошки институт во Масачусетс, кусо МИТ, вроди со првиот плод. Патентиран е синтетски материјал, што служи како основа за нова генерација на суперкондензатори. Италијанскиот производител на суперспортски автомобили го дели правото на патентот, заедно со Универзитетот.

Работата продолжува во натамошно подобрување на својствата на материјалот и во подготовка за производство во поголем обем. Тоа е дел од развојот во правец на електричниот погон, што Lamborghini го најави со спектакуларната студија Terzo Millennio, а чиешто тековно ниво на напредок го прикажа на салонот во Франкфурт, преку студијата Sián.

Батерија со иста големина ќе има двојно поголем капацитет, односно истиот капацитет ќе се постигнува со двојно помала батерија

Новопатентираниот материјал е произведен во лабораториите на Факултетот за хемија, со поддршка на одделот за развој на концепти на Lamborghini. Основата на развојот е „Metal-Organic Frameworks“ (MOF). Молекуларната градба на оваа група материјали овозможува материјалот да се користи за изработка на електродите за идната генерација суперкондензатори. Со новиот материјал се постигнува значително поголема површина што е изложена на електричен полнеж, мерено во споредба со масата и волуменот на материјалот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со патентот што беше заштитен денес се зголемува енергетската густина до 100% во споредба со постоечката технологија; Тоа значи дека батеријата може да биде двојно помала за истиот капацитет, односно батерија со иста големина ќе има двојно повисок капацитет од сегашните батерии.

Lamborghini најавува и батерија што ќе биде составен дел од каросеријата, по пример на концептот Terzo Millennio

Суперкондензаторите уште во сегашното ниво се супериорни во поглед на ефикасноста и трајноста во услови на мотоспортот. Lamborghini ќе продолжи да инвестира во оваа технологија. Воедно се работи и на изнаоѓање нови начини на конструирање на материјалите за батерии со висока ефикасност, коишто ќе се вградат во структурата на возилото, односно во каросеријата. Тоа беше и целта со Lamborghini Terzo Millennio, чијашто каросерија служи како батерија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Lamborghini Terzo Millennio: На струја и со каросерија што сама се поправа


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

185
23 shares, 185 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *