за

Lamborghini Sian е најсилниот родстер во светот

Lamborghini Sion Roadster 00001
Lamborghini Sion Roadster 00001

Родстер изведбата од хибридниот Lamborghini Sian е најмоќен автомобил без покрив во светот, со својот 6,5-литарски V12 со 819 КС.

Сант Агата ќе изработи само 19 примероци од Sian Roadster и моделот ќе го направи уште поексклузивен од конкурентскиот Ferrari 812 GTS, од кого што ја презеде титулата на најсилен автомобил без покрив во светот. Секако дека целата серија е веќе распродадена.

Исто како стандардната изведба на Sian што Lamborghini ја претстави лани на салонот во Франкфурт, Sian Roadster ја црпи својата сила од атмосферски V12 од 6,5 литри од Aventador, зајакнат на 785 КС, но и од 48-волтен електромотор од 34 КС, кој е интегриран во менувачот. Помошта од електромоторот се користи и при забрзување, за истото да биде порамномерно, односно да се минимизира забавувањето додека се менуваат степените на пренос.

Како резултат од тоа, спринтот до темпо сто е скусен под 2,9 секунди, колку што забрзува Aventador SJV Roadster, додека крајната брзина е над 350 km/h. Тежината е под 1.650 килограми, незначително над купе-верзијата.

Место класична батерија, Sian користи суперкондензатори, кои акумулираат десетпати повеќе енергија во споредба со литиум-јон батеријата и со истата му асистираат на V12 до брзина од 130 километри на час. Уште една предност е тежината од само 34 килограми, што е особено важно кај хиперавтомобили од овој ранг.

Стилските обележја се истите како кај купето и тие црпат инспирација од легендарниот Countach, што се забележува најмногу во задните светла. Впечатлив детал се и предните светла во форма на Y.

https://www.instagram.com/p/CCY1uVQJDR_/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin DB5 Continuation 00001

Aston Martin како на Џејмс Бонд чини 3,6 милиони евра

плантажа палми палмино масло биодизел

ЕУ лани согорила 4,5 милиони тони палмино масло како биодизел