за

Lamborghini од 3.696 лего коцки

Lamborghini Sian Lego
Lamborghini Sian Lego

Овој автомобил Lamborghini е долг 60 сантиметри, висок е 13 и широк 25 сантиметри. Lego не ја наведува тежината, но податокот и без тоа е сосем неважен во овој случај. Новиот модел од серијата Technic на специјалистот за коцки е наменет за забава и уживање при составувањето и исто така за уживање кога ќе се изложи на полица.

Најновиот модел на Lamborghini во изведба на Lego има 3.696 делови за составување, а оригиналот е Lamborghini Sián FKP 37. Составениот автомобил има осумпати помали димензии од оригиналот.0

Секогаш има по некое изненадување во серијата Lego Technic, па е така и овојпат. Тоа се однесува на копијата на дванаесетцилиндарскиот мотор, на задниот спојлер што се подигнува исто како кај оригиналот, но врвот е амортизацијата на предната и задната оска. Воланот исто така е функционален, заедно со рачки за ракување со осумстепениот менувач. Крилестите врати се преклопуваат нанапред.

За составување на китот се препорачува возраст над 18 години. Сетот чини 379,99 евра на онлајн-продавницата на производителот, а таму се наведува и дека испораката ќе започне на 1-ви јуни. Бидејќи станува збор за понапреден кит, тој се наоѓа и во ексклузивна кутија.

Ducati Panigale од 646 лего-коцки место од 220 КС

Ducati Panigale од 646 лего-коцки место од 220 КС

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW X2 xDrive25e

BMW X2 спојува стил и плагин-хибриден погон

volkswagen nivus

Volkswagen Nivus може да биде баран и поради бразилскиот дизајн