за

Исчезнатиот Lambo од „Италијанска работа“ се појави на сцената

Lamborghini Miura P400 Italian Job

По половина век од премиерата на „Италијанска работа“, пронајдена е портокаловата Lamborghini Miura од воведните сцени на филмот.

Портокаловата Miura P400 беше најбараниот примерок од легендарниот модел неколку децении наназад. Таа се појавува во воведните сцени во филмот, со актерот Росано Брази зад воланот, во брза тура по планинскиот превој Гран Сент Бернар. Филмот прикажува сцени во кои Miura е уништена. Во реалноста, друг примерок од легендарниот автомобил е жртвуван за филмот.

По неколку години се дознава дека не е уништен примерокот од филмот и почнува потрага по оригиналната P400. Таа трае сé додека од Колекцијата Кајзер од Вадуц, Лихтенштајн, не побарале процена од Lamborghini, дали Miura што е во нивна сопственост, можеби е навистина таа што е овековечена во еден од најдобрите акциски трилери на сите времиња.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во седиштето на Lamborghini во Сант Агата Болоњезе следи претрага низ фабричките архиви и проверка на автомобилот од Вадуц. Конечната потврда пристига и од Енцо Моруци, поранешен вработен во компанијата, кој го испорачал автомобилот за филмскиот сет и самиот го возел во неколку каскадерски сцени во „Италијанска работа“. Miura P400 со сериски број 3586 е автомобилот од филмот. Во јуни годинава ќе се навршат точно 50 години од премиерата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Продуцентската куќа Paramount Pictures своевремено побарала автомобил од Lamborghini. По пристигањето во Сант Агата, тие избрале портокалова Miura којашто имала поголеми оштетувања и со тоа одговарала за судбината што ја чекала во филмот. Но, Lamborghini испорачал уште еден примерок од Miura на филмскиот сет, во истата боја. Енцо Моруци бил задолжен за тоа, како и многупати претходно.

Моруци се сеќава, „на производствената лента привршуваше изработката на Miura P400, со истата портокалова боја, со волан лево и со ентериер со бела кожа. Таа изгледаше исто како оштетениот примерок и решивме да ја користиме за филмот. Единствено не загрижуваа белите кожени седишта, затоа што автомобилот мораше да се врати во Сант Агата во совршена состојба. Тогаш побарав да се отстранат седиштата и да се заменат со црните седишта кои ги користевме на тестирањата. Пресудниот детал се потпирачите за глава, кои на Miura се прицврстени на разделното стакло меѓу кабината и моторот, и тогаш не можеа да се отстранат навреме. Во филмот, се гледаат оригинaлните бели потпирачи за глава.“

New photo by Automedia MK / Google Photos

По филмот, автомобилот бил вратен во фабриката, по што следела подготовка за Miura да му се испорача на сопственикот во Рим. По неколку промени на сопственоста, P400 во 2018 година ја купува сегашниот сопственик од Лихтенштајн, Фриц Кајзер.

Музејот на Lamborghini стана Mudetec, музеј на технологијата

Lamborghini Urus донесе рекордна бизнис година во Сант Агата

Lamborghini Aventador SVJ Roadster побрз од честичките ПМ10

Lamborghini одбележува 50-годишнина на Espada и Islero

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi outlander phev istrazuvanje

Два од десет возачи на Outlander PHEV полнат струја на три дена

bmw serija 8 gran coupe

Спортска лимузина од серијата 8 на BMW влегува во врвната лига