за ,

Lamborghini Miura повторно на „Италијанска работа“ за 50-годишнината

Два примерока од легендарниот Miura во специјална полициска придружба беа пуштени да ја извозат делницата од воведната сцена во филмот „Италијанска работа“. На настанот се појавија и тројцата татковци на моделот.

Како дел од прославата на 50-годишнината на Miura, Lamborghini пушти два примерока од легендарниот модел од музејската збирка да ја извозат делницата што беше користена при снимањето на филмот „Италијанска работа“, во режија на Питер Колинсон. Во воведната сцена од култниот филм од 1969 година, Miura вешто ги совладува тесните серпентини по државниот пат број 27 по планината Гран Сан Бернардо, во срцето на Италијанските Алпи на надморска висина од 2.000 метри.

Настанот беше организиран со цел да се обединат „татковците“ на Miura, главните инженери Џан Паоло Далара и Паоло Станцани, заедно со Марчело Гандини, кој работеше на дизајнот на моделот, заедно со каросериската работилница Bertone. Двата примерока на Miura од непроценлива вредност беа придружувани од владината агенција за патишта и од сообраќајната полиција на планинскиот превој Гран Сан Бернардо, кој беше пуштен за сообраќај специјално за овој настан.

[FAG id=24393]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во фабриката на Tesla се работело за пет долари на час

Peugeot ќе го претстави новиот кросовер на 23-ти мај