за

Lamborghini со награда за 1 милион следбеници на јутјуб

lamborghini еден милион јутјуб
lamborghini еден милион јутјуб

Lamborghini доби „Златна награда за креатор“ по достигнувањето еден милион претплатници на видео каналот јутјуб. Италијанската марка постигнува милионски успех и на останатите социјални мрежи.

Од сите канали на Lamborghini на социјалните мрежи, во последните 12 месеци најголем раст имаат постигнато каналот на јутјуб, когошто во меѓувреме го следат близу 1,1 милион претплатници, и инстаграм – двата канали со раст од 50 проценти.

Базата на фанови на Lamborghini брои повеќе од 38 милиони на светско ниво, од кои повеќето се мошне млади. Италијанската марка е мошне успешна и на инстаграм, каде што го има „најкликаниот“ канал, со повеќе од 22,5 милиони следбеници. Потоа е фејсбук, со 12,7 милиони фанови.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Видеото со еден милион благодарници до јутјуб

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW Concept 4

Новата серија 4 на BMW доаѓа в година, концептот од ИАА ветува промени

renault espace v

Најоригиналниот француски автомобил денес – што е подобар од СУВ