Вести

Lamborghini LM002 го разгазува теренот за премиерата на новиот Urus

По 25 години откако беше произведен последниот примерок од легендарниот Lamborghini LM002, марката повторно ќе има супер-теренец во својата понуда, кој најверодостојно ќе го прикажува разбеснетиот бик во логото. На 4-ти декември во седиштето во СантАгата Болоњезе ќе биде претставен Urus, помалку радикален од својот претходник, но само навидум.

Италијанците нема да ја пропуштат пригодата да го оправдаат својот глас на спектакл-мајстори. Овој црн примерок од LM002 со број на шасија 12231, кој припаѓа на музејот на Lamborghini, сосем сигурно ќе ја придружува премиерата на Urus. „Рамбо-Ламбо“ е комплетно реставриран во сопственото одделение Lamborghini Polo Storico и доведен во подобра состојба отколку при напуштањето на фабричките хали.

Lamborghini LM002 е татко на денешните софт-теренци кои од него ги „научија“ само димензиите на каросеријата

Ова што најмалку прилега да се води како автомобил, а повеќе како машина за терминаторите, диктаторите и останатите светски ѕвезди, со право се смета како татко на денешните софт-теренци – кои ги имаат единствено истите димензии со Lamborghini LM002.

lamborghini lm002 04

Создаден заради учество на тендер на американската војска, супер бикот немаше најсреќни почетоци. Болоњезите извршија безброј преправки на оригиналниот концепт од крајот на 1970-те години и на светот му го подарија автомобилот што привлекуваше повеќе внимание и од самиот Countach. Lamborghini LM002 беше ѕвезда за ѕвездите, способен да вози насекаде и секогаш забележан.

Првиот развоен прототип имаше мотор назад, што не се покажа како најразумно решение за теренецот

Развојот на Lamborghini LM002 започна како проект за развој на возило со врвни својства при возење по терен, за воени потреби. Името на првиот автомобил што произлезе од оваа намера: Cheetah. Инженерот Џулио Алфиери го усоврши концептот и во 1981 година го прикажа LM 001. Како што е ред во Lambo, моторот беше назад. Тоа се покажа како лоша идеја, по што следеше уште една фаза од развојот. Прототипот LMA имаше мотор под предната хауба.

lamborghini lm002 02

Бруталниот теренец под ознаката LM002 се појави пред светот за првпат на салонот во Брисел во 1986 година. Колку што беше сензационален изгледот и концептот, уште поголема сензација беше потеклото на моторот. Дванаесетцилиндарецот пристигна директно од Countach Quattrovalvole, со работна зафатнина од 5.167 сантиметри кубни и со моќност од 450 КС при 6.800 вртежи во минута.

Крајната брзина на Lamborghini LM002 е над 200 km/h, спринт до сто за помалку од девет секунди

Со каросерија во комбинација од алуминиум и фиберглас, погон на сите тркала и три здрави диференцијали со механичка блокада, супертеренецот совладуваше нагорнини од над 50 степени. Покрај неоспорните теренски квалитети, Lamborghini LM002 се снаоѓаше и како „спортски автомобил“. Крајната брзина надминува 200 km/h, за спринт до сто се потребни помалку од девет секунди.

lamborghini lm002 01

Мала помош пристигна и од колегите од Pirelli. Тие развија специјални гуми Pirelli Scorpion, кои дозволуваа возилото да минува преку растресита подлога и да вози по екстремно жешка површина – по сахарски песок, на пример.

Точно 300 примероци се произведени, LM002 е мета на колекционерите

Каросериите се изработуваа во Булбао, Шпанија, од кадешто се испраќаа за Сант Агата, до завршната монтажа на возилото и испораката. Уште една карактеристика на LM002 којашто ги радуваше клиентите, но и производителот. Lambo го изработуваше ентериерот по нарачка на купувачот. Во периодот од 1986 до 1992 година беа произведени вкупно 300 примероци од „спортскиот теренец“.

Очекувањата од Urus се огромни. Платформата потекнува од Audi Q7 и Bentley Bentayga, под хаубата ќе работи четирилитарски V8 со 600 КС. Перформансите и возните својства ќе надминат кој било „СУВ“ досега, што го голем дел се должи и на примената на карбон за каросеријата.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами