за

Новите модели на Lamborghini ќе користат хибриден погон

lamborghini centenario vozenje

Потрошувачката на гориво не ги засега многу сопствениците на Lamborghini, иако се работи за вредности од дваесетина литри. Но, комисијата на ЕУ гледа поинаку. Шефот Доменикали во интервју потврди дека следната генерација автомобили од Сант Агата ќе добие електромотор во погонската спрега

Стефано Доменикали, шефот на Lamborghini, не сака автомобилите од неговата компанија да возат на струја. Чудно е болид под знакот на бикот да вози нечујно, наспроти традицијата, сé наоколу да ечи додека минува Lambo. Во интервју за германскиот „Велт ам Зонтаг“, тој изјави дека „во блиска иднина не се планира Lamborghini што ќе вози само на струја.“

Шефот на спортската марка сепак откри дека „следната генерација од нашите суперспортски автомобили ќе се нуди со плагин-хибриден погон“. Тоа значи дека во блиска иднина ќе биде можна сцена, во којашто лута тркачка машина од Сант Агата е приклучена на полнач за струја.

Категорично против автопилот: „Тој што вози Lamborghini, сака да вози, не сака да биде возен“

Во Lamborghini не се многу заинтересирани за трендовите, на пример за автомобили управувани од автопилот. Доменикали посочи во интервјуто, „тој што вози еден од нашите автомобили, сака навистина да вози. Тој не сака да биде возен.“

Продажбата на Lamborghini порасна значајно во последните неколку години. Производителот со седиште во Сант Агата дБолоњезе во 2017 година продаде 3.815 автомобили, а лани бројката порасна на дури 5.750 возила. Тоа се должи најмногу на пристигањето на супер-СУВ моделот Urus.

За годинава, Lamborghini не планира да надмине 8.000 продадени возила. „Можеме да произведеме и продадеме и повеќе автомобили од тоа, имаме и капацитет и пазарен интерес. Но, не сакаме. За марката е поважно да ја задржи репутацијата,“ изјави шефот Доменикали за германскиот неделник.

Lamborghini Aventador SVJ со рекорд во сериската опрема

Lamborghini одбележува 50-годишнина на Espada и Islero

Lamborghini Urus со „помошен електромотор“ пристига наскоро

Lamborghini Urus оди само со посебни обувки, јакна и куфер

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi solarni paneli ungarija

Audi ќе произведува струја на 160.000 метри квадратни под соларни панели

reimo kamping kutija gls

Mercedes GLS со приколка за кампување во багажникот