133
24 shares, 133 points

Историјата на Lamborghini е историја на автомобилските легенди. Две големи имиња на марката слават годинава: Lamborghini Espada и реткиот Islero, од времето кога моторите V12 се напојуваа со шест двогрли карбуратори

Марката од Сант Агата пред половина век ги претстави Lamborghini Espada и Islero. Точно навреме за важниот јубилеј, куќните експерти за реставрација во Lamborghini Polo Storico ја завршија работата на двата примерока од Espada и Islero, коишто се дел од музејската збирка на болоњската марка. Како што е ред за марка што своето име го изградила со возните квалитети, овие два скапоцени примероци ќе направат куса тура на крајот на летово.

Lamborghini Espada, Islero 50 god 2

Espada е прв сериски модел на Lamborghini со четири седишта. Тој е воедно и автомобилот што е произведен во најмногу примероци од сите историски примероци на марката. Во десетте години се произведени 1.226 примероци. Дизајнот го носи потписот на Марсело Гандини и Bertone. Иако е висока одвај 1,20 метар, во кокпитот на оваа „плочка“ се седи пристојно.

Шест двогрли карбуратори Weber за 350 КС во 1970-те

Во сите три подгенерации на Lamborghini Espada работеше четирилитарски V12 во носот, вграден надолжно, со по две брегасти вратила на секоја страна, со моќност меѓу 325 до 350 КС. За напојување со гориво се грижеа шест двогрли карбуратори Weber. Крајната брзина изнесуваше 245 km/h. Првпат во Lambo се нудеше и опција за автоматски менувач.

Lamborghini Espada, Islero 50 god 6

Islero се произведуваше меѓу 1968 и 1970 година. Неговото име првично гласеше Jslero. Техниката од 400 GT беше вградена во каросерија дизајнирана од Марио Мараци. Под хаубата работеше истиот V12 од Espada, со 320 КС, односно со 350 КС во верзијата Islero S од 1969 година. Автомобилот е исклучително редок, со само 155 произведени примероци од стандардниот Islero и 70 примероци од Islero S.

Турата ќе се вози меѓу 7-ми и 11-ти септември во Умбрија. Колекционерите ќе ги возат своите скапоцени автомобили на пат од околу 650 километри, стартувајќи од питорескните краишта во централна Италија, околу Перуџа. Рутата продолжува кон Асиси, а секако дека и Тоскана нема да се заобиколи. Конвојот потоа вози по Апенините, низ Мугело, ги совладува превоите Рута и Ратикоза, за на крај да пристигне во Болоња, во Сант Агата, во домот на Lamborghini.


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Lamborghini Espada, Islero

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
24 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743