за

Lamborghini Egoista: Доволен за самиот себе

Овој автомобил од соништата ќе остане сон. Lamborghini Egoista е толку егоистички настоен што воопшто нема да се продава. Ексклузивниот подарок за роденденот ќе си го задржи Lamborghini.

Lamborghini Egoista си е „доволен за самиот себе“, така пишуваат од италијанската куќа во соопштението што го испратија до печатот. Покрај фактот што внатре воопшто нема седиште за совозач, станува јасно дека Италијанците се крајно сериозни во реализацијата на егоисточкиот концепт на возилото.

Тоа што обично се нарекува патничка кабина тука прераснува во пилотска кабина по пример на американскиот воен хеликоптер Apache. Проекцискиот дисплеј и ременот за возачот што се прицвцрстува на четири точки се подразбираат. При излегувањето од кокпитот на возачот му е обезбедено чувство како на Топган-пилот. Прво мора да се отстрани воланот, потоа да се подигне командната табла, па да се отвори портокаловата купола со помош на електромотори, нозете да се извадат од седиштето, телото да се потпре врз каросеријата на точно одредено место и на крај нозете да се завртат нанадвор под агол од 180 степени од кабината.

Тоа е само еден дел од приказната. Десетцилиндарскиот мотор од 5,2 литри ослободува 600 КС, а каросеријата е изработена од алуминиум и карбон. Светлечките диоди што се наоѓаат насекаде по каросеријата светат во сите правци, не само напред и назад, туку и странично и нагоре и надолу. Гостите на гала вечерата во чест на одбележувањето на 50-годишнината на Lamborghini се уверија дека вакво возилото може навистина да постои и не е само цртеж на хартија.

[nggallery id=51]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продолжува рекордната продажба на BMW

Германски магазин открива нови детали за класата Ѕ на Mercedes