за

Lamborghini со двојно зголемена продажба: Заслуга на Urus

Lamborghini Urus
Lamborghini Urus

Lamborghini за шест месеци испорачал 4.553 возила или за 96% повеќе од истиот период лани. Тоа се должи на суперспортскиот СУВ. Продажбата напредува во Велика Британија, Германија и Италија, но најголем единечен пазар и натаму се САД.

За првите шест месеци од годинава, Lamborghini испорачал повеќе возила отколку во цела 2017 година. Со 4.553 возила до крајот на јуни, италијанскатаа марка ја зголемила продажбата за 96% во споредба со истиот период лани.

Ова е петто полугодие по ред, како што Lamborghini бележи рекорди. Ефектот е уште порадикален, откако во моделската понуда пристигна Urus, суперспортскиот СУВ од Сант Агата. Со 2.693 примероци, уделот на Urus во вкупната продажба изнесува близу 60 проценти.

На „основниот“ модел Huracan отпаѓаат 1.211 примероци во вкупната продажба. Неговата продажба ќе продолжи да расте, бидејќи во јуни стартуваше новиот Huracan Evo. Автомобилската икона на спортската марка, Lamborghini Aventador со неговиот V12, за шест месеци постигна 649 испораки, благодарение на верзијата SVJ.

Најголем единечен пазар се САД, пред Кина, Велика Британија, Јапонија и Германија. Најголемиот раст исто така е во Америка, со 128% и 1.543 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

harley davidson 338

Harley-Davidson развива модел со 338 ccm за Кина

харалд кригер BMW

BMW го менува шефот: Се бара наследник на Кригер