за

Lamborghini Centenario Roadster за дваесетмина брзи среќници

Возењето со 350 километри на час без покрив е ексклузивна умешност на отворената изведба на Lamborghini Centenario. За оваа ексклузивност е потребно и купувачите да бидат подеднакво брзи.

Lamborghini ја најави отворената верзија уште при женевската премиера на купето создадено во чест на стогодишнината од раѓањето на основачот Феручио Ламборгини. Сега следи и реализација на најавеното, со премиерното појавување на Lamborghini Centenario Roadster пред автомобилските ентузијасти на собирот во Калифорнија, во рамките на „Автомобилската недела во Монтереј“.

lamborghini centenario roadster 00005

Исто како купето, Centenario Roadster ќе се изработи во серија од 20 примероци, секој со цена од по два милиони евра – без даноци. Техниката останува иста, што значи дека назад работи атмосферски V12 со 770 КС, како најмоќен мотор вграден во сериски модел на Lamborghini. На тоа се надоврзува управување и на задните тркала, како и монокок школка и каросерија од карбон, од што следува спектакуларен сооднос меѓу тежината и моќноста од 2,04 килограми за секоја една коњска сила.

Во страничната силуета на Centenario се препознава легендарниот Countach

Со јубилејниот модел, Lamborghini ги постави новите начела на дизајнерската препознатливост на марката, којашто ги спојува традицијата и авангардата. Тоа значи дека во дизајнот на Centenario можат да се препознаат формите на моделите од историјата на марката од Сант Агата, но во исто време во нив се крие и напредна аеродинамика.

lamborghini centenario roadster 00006

Ниту хиперавтомобилите повеќе не можат да ги одбегнат напредните комуникациски уреди, па и Centenario поседува дисплеи што реагираат на допир, за ракување со пристапот на интернет, веб-радио, телеметриски податоци и Apple CarPlay.

Како и вообичаено за ексклузивните серии на Lamborghini, сите 20 примероци од родстерот веќе се продадени. Очигледно дека купувачите се уште побрзи од 350-те километри на час на Centenario Roadster.

[FAG id=25253]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Проблематичниот добавувач на Volkswagen му задава главобoлки и на Mercedes

Производството на Ford GT продолжено за уште две години