за ,

Lamborghini Centenario чини 1,75 милион евра и веќе е распродаден

Моделот е изработен специјално за одбележување на стогодишнината од раѓањето на основачот Феручио Ламборгини и ќе се произведе во само 40 примероци. Цената од 1,75 милион евра не беше пречка за тој да се распродаде уште пред премиерата.

Меѓу суператракциите на салонот во Женева секако се вбројува и автомобилот со којшто Lamborghini ја одбележува стогодишнината од раѓањето на основачот на фирмата Феручио Ламборгини. Само по 20 примероци од купе и родстер верзијата на Lamborghini Centenario ќе се изработат и сите 40 примероци се веќе распродадени – и покрај цената од 1,75 милион евра, без давачки.

lamborghini centenario 1 (9)Centenario ја продолжува стратегијата на лимитирани серии преку коишто марката од Сант Агата Болоњезе ги прикажува врвниот инженеринг и дизајн со кои располага. Атмосферскиот V12 ослободува 770 КС и го забрзува болидот за 2,8 секунди до 100 km/h, односно за 23,5 секунди до 300 km/h. Крајната брзина изнесува 350 километри на час. Импресивна вредност има и должината на патот на сопирање од 100 km/h, само 30 метри. Сите овие перформанси во голем дел се должат и на комплетната конструкција на возилото од карбон, со што Centenario тежи само 1.520 килограми и постигнува сооднос од 1,97 килограм на коњска сила.

Активната аеродинамика, со заден спојлер што се издолжува, се грижи за обезбедување на неопходниот потисок при високи брзини. Со управување и на задната оска се постигнуваат уште поекстремни возни својства и стабилност. Секако дека ниту кај Centenario не може да мине без системи за мрежно поврзување и користење на преносни уреди, со иновативен дисплеј.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes со зајадлива честитка за стотиот роденден на BMW

Новиот Civic ќе ѝ донесе голем поттик во продажбата на Honda во Европа