137
19 shares, 137 points

Рекордно време на Нирбургринг е во „сериската опрема“ на Lamborghini Aventador SVJ. Екстремниот модел ќе се изработи во ограничена серија од 900 примероци, секој со по 770 КС под хаубата

Автомобилската недела во Монтереј може да биде мошне профитабилна и за марката со бикот, којашто пред најбогатите автомобилски колекционери и фанови за првпат го прикажува Lamborghini Aventador SVJ. Станува збор за топ-модел во топ-моделската серија на марката од Сант Агата, кој изгледа уште поагресивно и располага со уште неколку екстремни технички подвизи.

Серијата е ограничена на 900 примероци, секој со цена од по 350.000 евра. Кратенката SVJ произлегува од Superveloce за супербрзо, a познавачите веднаш ќе се сетат дека J е за Jota. Првиот модел на Lamborghini што ја носеше оваа кратенка беше легендарната Miura од 1960-те години.

Lamborghini Aventador SVJ го подобри претходниот рекорд на 911 GT2 RS за повеќе од две секунди

Lamborghini Aventador SVJ направи неколку брзи кругови на Нирбургринг, пред да настапи на собирот во монденското место во Калифорнија. Сосем очекувано, брзите кругови излегоа најбрзи. SVJ официјално е најбрзиот автомобил што носи регистерска ознака на Нирбургринг, со време од 6:44,97 минути. Тоа е за околу 2,5 секунди побрзо од досегашниот рекордер, Porsche 911 GT2 RS.

Lamborghini Aventador SVJ 7

Резултатот е уште повеќе за почит кога ќе се земе предвид дека Aventador е на пазарот веќе седма година. Моторот е атмосферски, без турбонатполнење, а ниту менувачот не се служи со двојна спојка, којашто кај конкурентите од поновите годишта умее да скуси и по неколку десетинки уште при обичен спринт до темпо 100. „Мала“ помош сепак доаѓа од управувањето на сите тркала.

Ограничена серија од ограничена серија: Lamborghini Aventador SVJ63

Како еден вид воведна серија за ограничената серија од 900 примероци ќе послужи верзијата на Lamborghini Aventador SVJ63. Како што покажува и ознаката, оваа мини серија ќе се изработи во само 63 примероци. Секако дека бројката не е случајна. Lamborhgini е основан во 1963 година. Разликата во споредба со „стандардниот“ SVJ е во уште пообемната примена на карбон.

Поагресивниот стил на SVJ во споредба со Aventador SV произлегува од двата дополнителни отвори за воздух напред и од попироките крила. Спојлерите и страничните прагови се еден број поголеми, а исото важи и за масивниот заден спојлер.

Lamborghini Aventador SVJ 8

Издувот исто така е преместен повисоко. Место трапезна издувна цевка како кај Aventador S, лимитираниот модел поседува две издувни цевки по пример на Huracan Performante. Од помалиот брат потекнува и активната аеродинамика. Системот се состои од повеќе заклопки, коишто се местат зависно од условите на возењето. Кога се затворени предните заклопки се произведува максимален потисок. Кога заклопките се отворени, тогаш се смалува отпорот на воздух и може да се добијат уште неколку километри екстра во крајната брзина или да се скусат десетинки во спринтовите. Големиот заден спојлер исто така учествува во активниот систем.

770 КС и 1.535 килограми даваат 1,98 килограм товар за секоја коњска сила

Познатиот атмосверски V12 од 6,5 литри го достигна највисокиот степен на моќност во SVJ, откако претходно беше „навиен“ прво во Aventador SV, а потоа и во јубилејниот и екстремен Centenario. Моќноста од 770 КС е идентична како во славеничкиот модел. Во комбинација со тежината од 1.535 килограми се добива фантастичен сооднос од 1,98 килограми „товар“ за секоја коњска сила. Вртежниот момент од 720 њутнметри се пренесува до сите четири тркала.

Lamborghini Aventador SVJ 5

Спринтот до темпо сто трае 2,8 секунди, крајната брзина изнесува 350 километри на час. Со екстремната динамика што ја постигнува SVJ одат и посилни сопирачки, коишто се способни да го запрат Aventador од брзина од 100 km/h за само 30 метри. За преносот на сила и натаму служи бруталниот автоматизиран менувач од релативно непознатиот добавувач Oerlikon, кој се уште е добар со своите 50 милисекунди за промена на степен.

Испораките стартуваат во почетокот на следната година, по фабричка цена од 349.116 евра во Европа, 517.770 долари во САД – претворено околу 445.000 евра, вклучувајќи специјална давачка за автомобили со превисока потрошувачка на гориво, околу 955.000 евра во Кина (7.559.285 јуани со сите давачки) и околу 400.000 евра во Јапонија (51.548.373 јени), без давачки.


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Lamborghini Aventador SVJ

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Lamborghini одбележува 50-годишнина на Espada и Islero

Lamborghini Urus оди само со посебни обувки, јакна и куфер

Lamborghini Terzo Millennio: На струја и со каросерија што сама се поправа

Lamborghini LM002 го разгазува теренот за премиерата на новиот Urus


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
19 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3813