за

Lamborghini го потврди теренецот за 2018 година

Шефот Руперт Штадлер потврди дека спортската марка во 2018 година ќе го пушти во продажба спортскиот теренец базиран на концептниот автомобил Urus.

Според шефот на Audi, датумот на почетокот со продажба на теренецот од марката под знакот на бикот е веќе одреден за 2018 година и тој со изгледот нема да отстапува премногу од дизајнот на концептниот автомобил Urus. Штадлер потврди дека Audi го развива спортскиот теренец на Lamborghini на нова платформа што заеднички ќе ја користат и идниот теренец на Bentley, како и моделите од следната генерација на Porsche Cayenne и Audi Q7.

Верно на имиџот на марката, теренецот на Lamborghini ќе биде најсилен и најдинамичен во оваа моделска четворка. Моторот ќе постигнува моќност од најмалку 600 КС, а за врвните перформанси дополнително ќе се погрижи примената на лесни материјали во конструкцијата на возилото. Засега отсуствува официјална потврда дали долгоногиот модел ќе биде прв Lamborghini со дизелски мотор. Првиот теренец на Lambo беше LM002 од 1986 година, со мотор V12 од Countach. Се очекува продажбата на Urus да достигне 3.000 примероци годишно.

Audi исто така може да се поднови со нов модел на врвот на понудата од теренски возила. Идниот Q8 ќе биде позициониран над актуелниот Q7, како конкурент на Range Rover, со полуксузна опрема и повпечатлив дизајн. Со овој модел ќе се пополни празнината меѓу седумседот Q7 и идниот теренец на Bentley.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Салонот во Пекинг исто како да се одржува среде Германија

Новиот Yaris го следи стилот на Aygo