за

Нови автомобили од Lada повторно се возат во Куба

lada vesta kuba

Рускиот производител Avtovaz сака да ја претвори Lada во извозен хит и почнува од Куба. Марката се врати на карипскиот остров по дванаесет години. Куба беше еден од главните извозни пазари за Lada во времето на Советскиот Сојуз.

По дванаесетгодишна пауза, автомобили од руската марка Lada повторно се испорачуваат во карипската држава Куба. Првиот контингент се состои од 344 примероци од моделите Vesta Sedan и Largus Cross (Dacia Logan MPV).

Големиот автомобилски концерн од Тољати уште во почетокот на годинава го најави своето големо враќање во Куба. Првите испорачани возила се наменети за туристичките, такси и рентакар компаниите во островската држава. Куба е еден од најважните извозни пазари за Avtovaz.

Lada има долга традиција во карипската држава

Земјата со децении немаше обновување на возниот парк. Уличната слика во Хавана сé уште ја сочинуваат американски олдтајмери, но може да се сретнат и голем број возила Lada и Moskvich. Руските лимузини се испорачуваа масовно во времето на Советскиот Сојуз, тогашната „комунистичка братска држава“. Старите автомобили се во јадна состојба, затоа што постоеше и забрана за увоз на резервни делови.

Кои се десетте најслабо продавани автомобили во Европа?

Планот на Avtovaz е да ја врати марката Lada на некогашните извозни пазари. Главна цел се поранешните советски републики во Централна Азија, потоа ќе следат и Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка.

Lada е водечка автомобилска марка на рускиот пазар, но се соочува со големи проблеми во продажбата. Конернот најави укинување на осум илјади од вкупно 40.000 работни места во фабриката во Тољати. Пред неполна деценија, во „рускиот Детроит“ работеа над сто илјади лица.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

amg e63s vs m5 aubi

BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild

volvo polestar 1 isporaki

Електричниот Volvo само за шест земји во светот