161
21 shares, 161 points

Како еден од ретките суперспортски автомобили кој уште вози со атмосферски мотор, Lamborghini Huracan заслужи соодветен фабрички третман со повеќе КС, нова техника и неколку нови комбинации од бои. Италијанците, освен што се умешни со коњските сили, сепак имаат и чувство за убавина

Пет години по премиерата, Lamborghini Huracan добива повеќе коњски сили, неколку зафати во аеродинамиката и уште неколку технички специјалитети. Како заокружување на третманот за освежување, „основниот модел“ од Сант Агата повеќе не е само Huracan, туку е Huracan Evo.

Моторот V10 од 5,2 литри сега располага со 640 КС, што е за 30 КС повеќе од порано. Соодветно порасна и вртежниот момент, од 560 на рамно 600 њутнметри. Тоа што најмногу порасна е цената. Huracan Evo е за 15.000 евра поскап од претходникот, но освен што кусо ќе промрорат, тоа сигурно нема да ги одврати купувачите од планот да паркираат „бик“ во својата гаража.

Суперавтомобилите од ковот на Lamborghini & Co имаат безвременска убавина, тие не потпаѓаат на минливи трендови, туку секогаш изгледаат исто, а тоа значи неодоливо

Вообичаено, дизајнот на суперавтомобилите никогаш не старее, но секогаш има место за мали интервенции. Напред е сменет само браникот, со големи отвори за воздух во препознатливиот стил на Lamborghini и со црн гребен меѓу нив. Измените се забележуваат повеќе во опашот. Двојните издувни цевки се поставени повисоко, по пример на Huracan Performante, додека отворениот опаш е преземен од тркачкиот Trofeo Evo.

За разлика од овие екстремисти од тркачките патеки, Huracan Evo нема масивен заден спојлер, туку има само пристојно изведен додаток. Тоа што не се гледа, но Lamborghini не пропушта да го нагласи: Со сите интервенции во аеродинамиката, вклучувајќи го комплетно преработениот под, „ураганот“ произведува петпати поголем потисок отколку претходникот. Бандажите од 20 инчи се конструирани посебно за Evo.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Големиот дисплеј од 8,4 инчи укажува дека ваквите детали сепак им значат и на сопствениците на овие бестии. Издолжениот дисплеј е поставен над копчето за старт и служи за ракување со климата, навигацијата, апликациите од паметниот телефон и за други функции. Тоа овозможи од кокпитот да се иселат голем број прекинувачи и команди.

Можноста за говорни команди во кокпитот, покрај бруталниот V10 назад сигурно е некој нов вид италијански хумор

Идејата да се задаваат говорни команди, покрај брутален V10 назад, сигурно е реализирана со извесна доза на хумор. Една друга функција не е за шега. Huracan Evo може да ги снима податоците од телеметријата. Италијанците ја докажуваат својата смисла за бои и материјали со новите двобојни комбинации во кокпитот, исто како и со можноста внатрешноста да биде солидно обложена со алкантара. Со доплата се вградуваат компоненти од карбон, а сите останати желби ги презема одделението Ad Personam, кадешто за соодветен надомест ќе ги реализираат сите замисли и желби на сопственикот.

Од многу посуштинска важност е воведувањето на задна управувана оска, којашто функционира заедно со приспособливата распределба на вртежниот момент до одделните тркала. Италијанците се посебно горди на овој систем, кој го следи аголот на тркалата, положбата на педалата за гас и избраниот возен режим. На тој начин, интелигентната електроника ја препознава намерата на возачот и соодветно ја подготвува реакцијата на погонската спрега и подвозјето.

Huracán Evo веројатно е последниот Lamborghini со атмосферски мотор

Благодарение на рамката што е изработена од комбинација на материјали и масовната примена на карбон, тежината на Lamborghini Huracan Evo изнесува 1.422 килограми. Во комбинација со 640-те коњски сили, исто колку што има и Huracan Performante, произлегува тежински сооднос од 2,22 килограми на секоја коњска сила. Со погон на сите тркала и седумстепен менувач со двојна спојка, спринтот до темпо сто трае 2,9 секунди. Следната „стотка“ на брзиномерот се достигнува по 9 секунди од стартот, а крајната брзина изнесува 325 km/h.

Цената на Lamborghini Huracan Evo на излез од фабрика изнесува 184.034 евра, без ДДВ. Испораките стартуваат напролет.

Posted by Lamborghini on Monday, January 7, 2019

Lamborghini Aventador SVJ со рекорд во сериската опрема

Lamborghini одбележува 50-годишнина на Espada и Islero

Lamborghini Urus со „помошен електромотор“ пристига наскоро

Lamborghini Urus оди само со посебни обувки, јакна и куфер


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format