за

Навигација и за скутерите на Kymco

Kymco Noodoe навигација

Kymco лани го претстави системот за поврзување Noodoe, за когошто сега е достапна и навигација. Тоа е првпат во скутер на Kymco да се понуди интегрирано водење до одредиштето

За користење на системот за навигација во скутерите на Kymco е потребно на паметниот телефон да се преземе последната верзија на апликацијата Kumco Noodoe и карта од земјата. Упатствата за пристигање до целта се прикажуваат директно на дисплејот на скутерот. Во исто време може да се внесат до пет цели на паметниот телефон. Овие цели потоа се пренесуваат автоматски кога ќе се стартува скутерот.

Noodoe спаѓа во сериската опрема на макси-скутерот Kymco AK 550i ABS и на скутерот Kymco Like II 125i Exclusive. Апликацијата пренесува и информации за временската прогноза, за часот или за најблиската станица за гориво, коишто се прикажуваат на дополнителниот дисплеј во кокпитот. Копчињата за управување се наоѓаат покрај десната рачка.

Kymco Like II 125i Noodoe navi

Овозможувањето навигација на скутер отпрво изгледа како бесмислица, затоа што возачите обично немаат потреба да бидат водени од вештачка интелигенција во сопствениот град. Но, идејата добива вистинска смисла кога ќе се има предвид дека во туристичките центри низ светот масовно се изнајмуваат скутери. Користењето навигација што се прикажува на дисплејот на самиот скутер сигурно е попрактично и побезбедно, отколку ѕиркање во паметниот телефон, сместен во нестабилен држач од првиот дуќан во близина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen arteon porsche makedonija

Предрасудите околу автомобилските марки и нивната издржаност

Fiat Punto 1993

Fiat Punto си замина од производствените ленти