156
20 shares, 156 points

Според магазинот „auto, motor und sport“, во март и април во Европа ќе се произведат 810.000 автомобили помалку од планираното. Лани на континентот биле произведени околу 15 милиони возила. Моментно мируваат близу 100 автомобилски фабрики и безброј погони на нивните добавувачи. Најмногу е погодена Германија, кадешто продукцијата ќе биде покуса за 249.000 возила.

По Германија, силно се погодени Шпанија, кадешто продукцијата во месеците март и април ќе се скуси за 140.000 возила, како и Франција (-90.000), Велика Британија (-54.600), Чешка (-51.000) и Италија (-41.300).

Доколку се гледа по одделните производители на автомобили со фабрики во Европа, францускиот PSA (Peugeot, Opel, Citroën, DS, Vauxhall) ќе мора да се соочи со најголем кусок во продукцијата, односно со минус 137.000 возила. Следи марката Volkswagen со кусок од 106.000 произведени возила. BMW во европските фабрики ќе произведе 98.000 помалку автомобили, по него се Renault-Nissan-Mitsubishi (-97.000), Daimler (-69.000), FCA (Fiat, Chrysler, Alfa Romeo, Jeep и други, -55.000), Ford (-54.000), како и марките на концернот Volkswagen – Skoda (-41.000), Seat (-39.000) и Audi (-28.000).

mercedes фабрика москва русија

Од јапонските производители со фабрики во Европа, најсилно ќе биде погодена Toyota со 35.000 возила помалку. Во Германија, на ниво на одделни марки, најголем пад во продукцијата ќе има кај BMW (-83.000 возила), а потоа следат марките VW (-68.000), Daimler (-47.000), Audi и Ford (по -21.000), Opel (-5.000) и Porsche (-4.000).

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *