168
22 shares, 168 points

Дамите се 71% повеќе подготвени да купат автомобил онлајн отколку мажите. Тоа го покажа споредбата на однесувањето на посетителите во салоните за автомобили и на интернет страниците за продажба на возила во Велика Британија.

Истражувањето што го спроведе британската берза за продажба на возила BuyaCar покажа дека дамите се повеќе решителни купувачи од мажите и воедно се повеќе подготвени да купат автомобил онлајн.

Класичната продажба во минатата година забележала пад од 6,8 проценти, додека онлајн продажбата продолжува да расте веќе трета година по ред. Трендот се потврдува и годинава, со намалување во класичната продажба од околу три проценти, при истовремено зголемување на онлајн продажбата преку платформата BuyaCar за 12 проценти.

Дамите учествуваат со 40% во онлајн-нарачките, иако трипати повеќе мажи ја посетуваат онлајн платфората

Дамите учествуваат со околу 34% во вкупната продажба на автомобили преку традиционалното дилерско застапување, иако сочинуваат половина од бројот на посети во салоните. Но, повеќе од 40% од нарачките за автомобил на онлајн платформата BuyaCar доаѓаат од дамите, иако платформата ја посетуваат трипати повеќе мажи.

Мажите сé уште купуваат повеќе автомобили онлајн, отколку дамите, меѓутоа шансата дека дамите што го посетуват онлајн-сервисот BuyaCar ќе направат нарачка е 71% поголема во споредба со мажите. Податокот е добиен со споредба на бројот на жени и мажи што го посетиле онлајн-сервисот во 2019 година со бројот на направени нарачки.

Неколку претходни истражувања покажаа дека жените повеќе се чувстуваат непријатно во класичните дилерски салони. Со последново истражување уште еднаш се потврдува нивната веродостојност.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

168
22 shares, 168 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *