143
19 shares, 143 points

Комуникацијата преку WhatsApp стана вообичаена меѓу крадците на автомобили, ценат британските специјалисти за заштита од кражба. Кодирањето на пораките што се разменуваат преку популарната мобилна апликација им користи на крадците за планирање и извршување на кражбите.

Организаторите на криминалните мрежи составуваат и испраќаат „списоци за купување“ на одредени марки и модели, за возилата да може да се крадат буквално по нарачка. Притоа, од голема помош при комуникацијата се кодираните социјални мрежи, кои оневозможуваат службите за заштита од криминал да влезат во трага.

Поради слабата заштита на системите за пристап без клуч во возилата, бројот на кражби на автомобили во изминативе години се зголеми значително. Според статистиките во Велика Британија, бројот е зголемен речиси двојно за пет години, од 75.308 возила во 2014 година, на 112.000 возила лани.

Криминалните банди ги користат кодираните пораки на социјалните мрежи, за своите „бизниси“ да можат да ги извршуваат онлајн. Се користат дури и одредени онлајн игри, со цел комуникацијата да остане тајна

Размената на информации и совети преку кодираните социјални мрежи и онлајн игри се состои од договарање околу возилото што ќе се краде, цената и купувачот на истото, по што следи подготовка на лажни регистерски таблици од слични возила, за нивно клонирање.

Крадецот на возилото добива готовина, но вистинската заработка ја постигнува „купувачот“ на украденото возило, кој добива автомобил без заштита и има целосна слобода да го размонтира, клонира или извезе истото. Продажбата во делови е најпрофитабилна и во одредени случаи о нивната продажба може да се заработи повеќе отколку од целото возило.

Постапката што ја применуваат крадците на возила во 5 чекори

  1. Истражување за побарувачката за одредена марка или модел преку помошници на криминалците и наоѓање купувач
  2. Утврдување на начин за отстранување на фабричките заштитни мерки, преку онлајн-истражување, но честопати и преку „пријатели“ што работат во браншата
  3. Лоцирање и кражба на возилото, отстранување на заштитата
  4. Продажба на возилото преку криминална мрежа и добивање исплата
  5. Повторување на постапката за други возила од истата марка или истиот модел

„Keyless Entry“ им посакува добредојде на крадците на автомобили

Најголем ризик за кражба во Германија за возачи на Mazda CX-5 во Берлин


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *