за

Украдени скапи коли пронајдени во контејнери во Италија

Украдени скапи коли пронајдени во контејнери во Италија
Украдени скапи коли пронајдени во контејнери во Италија

Италијанската полиција пронашла над 40 украдени автомобили од премиум марки, кои за крајно одредиште ги имале Турција и Либија. Меѓу автомобилите се Audi Q7, Mercedes AMG GLC 43 и BMW M6, вкупната вредност изнесува 1,6 милион евра.

Неверојатен плен за полициските испектори во пристаништата во италијанските градови Салерно во регионот на Кампања и во Тауро, Калабрија. Италијанската полиција открила повеќе од 40 луксузни автомобили од марките Audi, BMW, Mercedes и Jaguar, кои биле сокриени во неколку бродски контејнери. Автомобилите требало да бидат испорачани во Турција и Либија.

Станува збор за меѓународен криминален синџир, кој почнува во Торонто. Сите овие возила биле украдени во канадскиот град. Веста ја објави познатиот портал Карскупс, повикувајќи се на полициски извори.

Службениците на канадската гранична полиција, заедно со инспекторите за финансиски криминал во канадскиот регион Јорк и италијанската полиција, неколку месеци ја следеле низата возила што пристигале со брод од Торонто. Синџирот бил конечно разбиен со следењето на еден украден Audi Q7, стар две години, што бил извезен од Канада.

Полицијата го следела контејнерот до пристаништето во Италија, каде што интервенирала. Меѓу откриените возила има голем број скапи автомобили, вклучувајќи кабриолет BMW M6 и Mercedes-AMG GLC 43. Останатите возила се од марките Jaguar, Land Rover, Lexus, Honda, Hyundai и Toyota.

Полицијата запленила повеќе од 40 автомобили во вкупна вредност од 1,34 милион евра, за кои пред товарењето на брод била платена гаранција во вредност од 270.000 евра. По завршувањето на административните и истражните постапки, украдените возила ќе им бидат вратени на сопствениците. Се претпоставува дека во текот на истрагата ќе се разрешат и голем број други кражби на луксузни автомобили.

https://www.facebook.com/OfficialYRP/photos/a.158596250875506/2990541137680989/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погонот на водород отвора бизнис вреден милијарди

Audi Q5 FL

Audi Q5 прв со задни светла со ОЛЕД-техника