за

Користените коли во САД поевтинуваат, Ford и GM стравуваат

Користените коли во САД поевтинуваат, Ford и GM стравуваат
Користените коли во САД поевтинуваат, Ford и GM стравуваат

Американците масовно возат автомобили под договор за лизинг. Високиот стандард, релативната сигурност на работното место и политичката стабилност ја овозможуваат оваа привилегија. Сите имаат интерес од лизингот – купувачите, трговците, производителите на коишто им припаѓаат лизинг компаниите. Но, лизингот има и една голема мана.

Клучот на бизнисот е во поимот преостаната вредност. Станува збор за вредноста што се очекува да ја има автомобилот по истекот на договорот за лизинг. Проблемот се јавува кога вешто предвидената преостаната вредност на автомобилот не може да се постигне. Тогаш буквално се расипува математиката.

Корона-кризата никој не можеше да ја предвиди, но токму таа е виновникот што паѓаат цените на користените автомобили во САД. Возилата на коишто им е истечен лизингот се натрупуваат, затоа што никој не се интересира за нив. Луѓето се во неизвесност, чекаат да видат до каде ќе води целиот овој хаос. Кога понудата расте, а нема побарувачка, се случува тоа за што секој е свесен: Цените паѓаат.

Најголемиот хаос на пазарот на користени автомобили во САД ќе се случи откако рентакар комапниите ќе почнат да се ослободуваат од дел од возниот парк, за да спречат уште поголема загуба

Како што објавија американските медиуми, кај најголемите трговци со користени автомобили во земјата има пад во цените на возилата за близу 12 проценти во првите две седмици од април. Наскоро и големите компании за рентакар ќе ги стават своите возила на продажба, што ќе биде уште еден голем удар за цената на користените возила.

Најголема загуба ќе трпат банките на производителите на автомобили, Ford и General Motors, исто како и рентакар компаниите. Доколку цените се пониски за 10% по завршетокот на вториот квартал годинава, се проценува дека двата најголеми производители на автомобили во САД ќе претрпат загуба од 3 милијарди долари (GM Financial), односно 2,8 милијарди долари (Ford Credit)

Кризата што ја предизвика пандемијата од корона го урна воспоставениот економски модел. Основното што му е потребно на бизнисот е можноста за работите да се предвидат. Во спротивно се случува пазарен хаос.

Топ 10 · Овие модели се најлош избор за користено возило

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche за три месеци продаде 53.000 возила

Porsche за три месеци продаде 53.000 возила

Пазарот на товарни возила преполовен во март

Пазарот на товарни возила преполовен во март