за

Како полицијата низ светот се бори со „телефонистите“ зад волан

возач камион мобилен
возач камион мобилен

Полицијата нема разработено стандард како да го контролира користењето телефон при возење. Поради тоа чуварите на редот мораат да развиваат креативност. Три примери покажуваат какви трикови и техники користат полицајците ширум светот, за откривање на возачите што не ја почитуваат забраната за користење телефон во возење.

Малку е потребно да се предизвика незгода, додека се гледа во телефонот. Можеби се чини дека една секунда е кусо време и не повлекува опасност, но притоа се минуваат десетици, можеби и стотина метри, зависно од брзината, без да се има преглед врз патот напред. Меѓутоа, полицијата нема делотворен начин да открие кога возачите користат телефон при возење. Поради тоа, службениците стануваат креативни. Три примери од светот.

Во германската покраина Долна Саксонија, полицајците првенствено ги имаат на нишан возачите на камиони, кои гледаат во телефонот, место во патот пред себе. Бидејќи кабината е високо и од полициското возило тешко се контролира дали возачите на камион го користат телефонот при возење, технички вештите Германци смислија начин да го решат проблемот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како патролно возило се користи обично комбе со багажник на покривот и мајсторска скала поставена озгора. На скалата се наоѓа мала камера што снима кадри директно во возачката кабина на камионите што се одминуваат. Проектот е уште свеж, од почетокот на годинава, но е сосем извесно дека ќе продолжи примената на овој „систем“. Досега се регистрирани околу 1.300 прекршители.

Во Холандија не го преправаат возилото, туку седнуваат во возило што одговара најмногу

Полицијата во Холандија не врши преправки на возилата, туку користи возило што ѝ дава најдобра мошна прегледност. Службените лица во регионот на Ост Брабант користат градски автобус, од когошто имаат преглед на сите страни во кокпитот на автомобилите околу.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Откако ќе се открие прекршител, веднаш се известува полициското возило што е во близина и го запира соодветниот возач. За пет пробни денови, полицајците открија 739 прекршоци. Дополнително беа изречени уште 100 казни, поради други видови прекршоци, како возење преблиску или престигнување на недозволено место.

Австралија има автоматски систем кој ништо не пропушта

Најмногу напредуваа Австралијците. Без потреба од дополнителен персонал, австралиската полиција користи автоматски систем. Како што пишувавме неодамна, во сојузната држава Нов Јужен Велс се користи нов систем, со две камери. Едната ги снима регистерските ознаки, другата снима озгора, низ ветробранот.

Австралија има систем против користење мобилен во возење
Австралија има систем против користење мобилен во возење

Посебен софтвер препознава дали возачот во моментот го користи телефонот. Во тој случај, се прави фотографија, која потоа се проверува од службеник и на крајот следи казна на адресата на којашто е регистрирано возилото. Казната за прекршокот изнесува околу 210 евра, а дополнително се впишуваат и негативни бодови. Системот стартува официјално уште во текот на годинава, истиот е предвиден по 2023 година да контролира по 135 милиони возачи годишно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

избор на автомобил на годината Motor Awards

Џереми Кларксон и „Сандеј Тајмс“ избираа автомобили на годината

Возилата во коишто се пуши вредат помалку при продажба

Возилата во коишто се пуши вредат помалку при продажба