144
20 shares, 144 points

Голем број сериски автомобили се појавуваат за првпат пред публиката на женевскиот салон. Но, подеднакво е голем и бројот на возбудливи автомобилски студии со коишто производителите ни даваат поглед во иднината.

Сериските автомобили ги има на стотици на салонот во Женева. Публиката некогаш се радува повеќе на автомобилите што веројатно нема да се појават во продажните салони, но затоа даваат убав поглед во иднината на автомобилизмот по една или повеќе генерации.

Некои од студиите во Женева само формално се водат како такви. Skoda Vision X, на пример, практично е сериски автомобил. Кросоверот со каросерија во дречлива зелена боја и должина од 4,20 метри ја користи платформата од Fabia, односно Polo. Неколку интересни детали, како светлечката маска, нема да преживеат во серија, исто како и камера-дронот во багажникот. Но, тоа што може да се очекува од идниот мини СУВ на чешката марка e просторна и функционална кабина. Погонот во студијата е работа на два електромотора и мотор, којшто користи бензин или метан како погонско гориво. Германскиот концерн во последно време силно притиска на метанот, којшто би можел да го замени веќе „осудениот“ дизел.

Skoda Vision X

skoda vision X

Името на индискиот концерн Tata до пред неколку години се поврзуваше најмногу со малечкиот Tata Nano, којшто требаше да постигне револуција како најевтин автомобил во светот. Во меѓувреме, индискиот концерн ги купи марките Jaguar и Land Rover, инвестираше многу во нивните модели и ги врати британските марки на нивното ценето место на автомобилската сцена.

Tata 45X

tata 45X

Во споредба со Jaguar и Land Rover, Tata настапува скромно на салонот во Женева, но затоа има два концептни автомобили што заслужуваат повеќе внимание. Индискиот автомобилски гигант најавува нова дизајнерска ера со концептниот автомобил со ознака 45X. Сериската верзија треба да стартува со производство веќе во 2019 година. Неизвесно е дали малечкиот автомобил ќе се појави и на европскиот пазар.

Tata H5X

tata H5X

Многу поубедливо настапува вториот концептен автомобил H5X. Платформата и голем дел од техниката на теренецот пристигаат од Land Rover Discovery Sport. Стартот на продажбата на сериската изведба од H5X на индискиот пазар е закажан за април 2019 година. Како погонски единици веројатно ќе се вградуваат актуелните четирицилиндарски мотори од Jaguar и Land Rover.

Индиската верзија на Land Rover нема да биде евтина, особено не во верзијата што ќе биде опремена како студијата од Женева. Патниците на задната клупа добиваат огромни дисплеи во предните седишта, коишто се дел од напреден инфо-забавен систем. Во кокпитот нема ниту еден класичен прекинувач, вклучувајќи ги и копчињата на воланот, коишто се заменети со сензорски полиња. Во средишната конзола е вграден ладилник кој се спушта, а целата кабина е украсена со панели од благородно дрво.

GFG Style Sybille

gfg

За тие што не ги сакаат теренците, има добра понуда кај италијанската дизајнерска ѕвезда Џуџаро. На штандот на неговото дизајнерско студио GFG Style се наоѓа петметарската лимузина со електричен погон Sybilla, којашто е развиена со помош на кинеската енергетска компанија Envision. По еден електромотор со моќност од 200 киловати или 272 КС се наоѓа на секоја оска, батеријата има капацитет од 75 киловатчасови. Досегот изнесува 450 километри, спринтот до сто трае 4,5 секунди. Крајната брзина е ограничена на 200 km/h.

gfg 1

Џорџето и Фабрицио Џуџаро создадоа спектакуларен автомобил, особено во поглед на пристапот на патниците на задните седишта. Целата стаклена купола лизга нанапред и го ослободува пристапот во кабината. Задните врати исто така се вовлекуваат во задните столбови. Стаклените површини се затемнуваат самостојно при силно сончево зрачење.

Subaru Viziv Tourer Concept

subaru viziv concept

Во споредба со електричната лимузина на Џуџаро, Subaru Viziv Tourer изгледа мошне приземно. Јапонската марка има голема традиција со своите комби-модели и студијата од Женева практично го најавува изгледот на наследникот на Levorq. Неколку стилски детали сепак ќе останат кај студискиот автомобил. Наспроти тоа, камерите во замена за ретровизори и сокриените рачки во вратите би можеле да се најдат во идниот сериски автомобил.

Porsche Mission E Cross Turismo

porsche mission e cross turismo

Спортската марка Porsche се подготвува за стартот на електричната лимузина Mission E и на салонот покрај езерото Леман настапува со студијата Mission E Cross Turismo. Комбинацијата од Panamera Sport Turismo со техника од Mission E нуди кросовер од 4,95 метри, со електромотори со системска моќност од 600 КС. Забрзувањето до сто трае 3,5 секунди, а до двесте km/h се доволни помалку од 12 секунди. Досегот изнесува над 400 километри, но благодарение на 800-волтната техника, полнењето на батеријата би траело само 15 минути – под услов возилото да се приклучи на соодветен полнач.

Hyundai Kite (IED)

IED-03

IED-02

Hyundai ги враќа на сцена разиграните и откачени студии, преку багито наречено Kite. Овој двосед за забава за миг се претвора во џетски. Постои објаснување за тоа што необичната креација се наоѓа на спротивниот крај од штандот на Hyundai. Електричното студиско возило е создадено во италијанската дизајнерска школа IED.

IED-01

Место класичен кокпит, Kite поседува само волан, во чијашто средина се прицврстува паметен телефон. Во тркалата со дебели гуми се вградени електромотори. За возилото да се претвори од баги во џетски, потребно е да се отстранат тркалата, заедно со неколку елементи од надворешната структура. Тоа што останува може да се користи како џетски, со електричен погон. Демонстрацијата на Kite како џетски отсуствува на салонот, но на дизајнерите може и без тоа да им се признае дека создале мошне интересен концепт.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
20 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743