за

Како се мие автомобил од три милиони долари и со 34 слоеви лак

koenigsegg mienje detalno specijalist
koenigsegg mienje detalno specijalist

Koenigsegg Jesko е хиперавтомобил и постигнува многу работи што останатите автомобили не ги можат. Меѓутоа, во едно нешто, тој не се разликува – мора да се измие одвреме навреме. За таа цел сепак е најдобро да се ангажира специјалист.

Кога младите ентузијасти првпат ќе го видат својот автомобил од соништата во живо, обично веднаш ја забележуваат бојата. Aston Martin, Rolls, некој примерок од McLaren по посебна нарачка или Pagani, каросеријата на автомобили од ваков ранг честопати изгледа како прстите да ќе потонат ако истата се допре.

Долу се кријат десетици слоеви лак, нанесувани рачно, па фино брусени и полирани рачно, плус ексклузивни лакови што самите чинат колку обичен автомобил. Еден специјалист за детално миење и одржување на лакот на скапоцени автомобили објави видео на коешто се гледа дека неговата работа не е преценета. „Моделот“ на видеото е Koenigsegg Jesko, хипермашина што имаше премиера пролетоска во Женева и чијашто серија ќе се изработи во само 125 примероци.

Специјалистот на видеото е Лери Косиља и неговата работа врз скапоцениот шведски автомобил се сведуваше на отстранување малку нечистотија, неколку камчиња и мистериозна црвена дамка на хаубата, којашто се претпоставува дека е црвено вино.

Вода, пена, течен восок, сите тие се „средства за подмачкување“ што го спречуваат триењето со лакот

Косиља открива неколку вредни совети: „Клучот на долготрајноста на лакот е да се нанесе своевидно средство за подмачкување, пред лакот да се допре, чисти или суши.“ На тој начин се избегнува триењето. Тоа се постигнува со вода, пена, течен восок или средство за чистење што ја задржува влажноста. Следниот совет е место една микрофибер крпа да се користат повеќе крпи и секоја дамка да се чисти со друга крпа. Крпите потоа се перат во машина, за да бидат чисти за следната примена.

Koenigsegg Jesko premiera zeneva

Лакот на најмалку тримилионскиот Jesko се состои од 20 слоеви основна боја, еден слој боја со бисерен ефект, еден слој со шампањ-ефект, три слоеви сива/сина/зелена, кои прават лакот да оддава впечаток дека искри при гледаде од близу, плус завршница со девет слоеви проѕирен лак. Косиља цени дека „од аспект на занесеник, ова е еден од најдобрите лакови“.

Koenigsegg минатата недела го привлече вниманието со поставувањето нов рекорд 0-400-0 километри на час. Само по тоа станува јасно за колку исклучителни автомобили станува збор тука.

https://www.instagram.com/p/B14c3kyF1xd/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes филџанн кафе предупредување замор

Mercedes пред 10 години го додаде филџанот кафе во инструментите

opel fabrika riselshajm

Opel пушта стотици работници на скусено работно време