До пред две години, на докот број 76 на реката Хадсон била сместена коњушницата на њујорската полиција. Оттогаш, бројот на коњски сили на оваа локација се зголемил драстично. По заминувањето на јавачкиот одред, таму е сместен „Класик Кар Клуб“, со четириесетина автомобили што им стојат на располагање на членовите.
Иако името личи повеќе за клуб на олдтајмери, повеќето автомобили се моќни „машини“ од релативно понови годишта. Тројца њујорчани пред десет години ја донеле идејата од Лондон. Најстар во возниот парк е Porsche Spider од 1955 година, а само неколку години помлади се неколку примероци од легендарните „мускулести“ автомобили. Последни новодојденци во возниот парк се неколку јангтајмери од 1980-те и 1990-те години. Секако дека има и „супержешки“ новитети, меѓу кои Aston Martin V8 Vantage. Наскоро пристига и Porsche 911 GT3 RS.
Жешките новитети пристигаат во клубот побрзо отколку во гаражите на приватните купувачи
Голем дел од работата на сопствениците на клубот се сведува на контакти со дилери за луксузни автомобили од целиот свет. На тој начин, клубот ги обезбедува ретките и скапи модели побрзо отколку приватните купувачи. Тоа ги привлекува фановите, на коишто клубот потоа им наплаќа за своите услуги. Дел од профитот оди за проширување на возниот парк. Кругот се затвора, сé функционира беспрекорно.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
Се’ е вклучено во цената, од осигурување и регистрација, преку сервисирање и поправки, до гаражирање и миење.
[/tie_slide]
[tie_slide]
Со парите за членство може да се купи обичен автомобил за секој ден, но што би избрал вистинскиот ентузијаст, Chevrolet или McLaren?
[/tie_slide]
[tie_slide]
Уште поатрактивна понуда од суперавтомобилите на коишто им е потребна тркачка патека се олдтајмерите и јангтајмерите во совршена состојба
[/tie_slide]
[tie_slide]
Datsun 240Z ги возеше овие улици уште пред 40 години. Може и денес
[/tie_slide]
[tie_slide]
Клубот се наоѓа покрај реката Хадсон и нуди одлична атмосфера за дружење и забава
[/tie_slide]
[tie_slide]
Потребна е вистинска храброст или барем заматен ум да се купи Caterham R300 во Менхетен. Но, да се вози како член на ЦЦЦ, тоа е веќе друго
[/tie_slide]
[tie_slide]
Крстосувач од 1960-те, Lincoln Continental, кабриолет, со четири врати и место за хокеарски тим
[/tie_slide]
[tie_slide]
McLaren 570S по улиците на Њујорк, постои ли повеќе будалеста идеја од тоа?
[/tie_slide]
[tie_slide]
Во овие докови порано беше сместена полициската коњушница, денес тоа е престижен и угледен клуб авто-ентузијасти и воопшто уживатели во животот
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]
Сопствениците уште пред десет години го препознаа главниот проблем кој ги спречува фановите на Менхетен да купат скап автомобил од соништата. Покрај цената, секако. Ударните дупки во Големото Јаболко се подлабоки од скопските, а и темните гаражи не се најсоодветно место за оставање возило што му значи речиси сé на сопственикот.
За 180 долари месечно, членовите можат да разговараат за автомобили колку што им е волја, да ги посетуваат тркачките патеки, да извежбаат нови вештини зад воланот или да научат да го поправаат возилото. Но, членарината не е доволна за да се седне зад волан. Тоа се постигнува преку купување бодови, односно пакети со бодови, коишто секако дека не се од поевтините.
Возилата ги сервисира тим од четворица механичари. Тие имаат напорна работа, затоа што ударните дупки и лошите крпеници на асфалтот буквално ги уништуваат гумите, бандажите и подвозјето. Поправките се вклучени во членарината.
Бројот на членови е ограничен на 550 лица, од разбирливи причини. Списоците на чекање се преполни. Клубот привлекува најразновидни профили на професии, почнувајќи од банкари и брокери, преку уметници и лекари, новинари и правници, до бизнисмени и шоумени. Осумдесет проценти од членовите се мажи, дваесет проценти се дами. Не недостигаат ниту странски државјани, кои често престојуваат во Њујорк и сакаат дел од времето да го искористат со својата миленичка на четири тркала.
Членството не се „купува“ со пари, туку клубот врши според процена. Повеќето автомобили се скапи, ретки и брзи, така што не смее да се погреши при изборот на членовите. Постои и тест-возење, на коешто идните членови треба да докажат дека добро владејат со автомобилот. Со ракувањето со мануелен менувач, исто така.
Добрите возачи тука стануваат уште подобри. Покрај редовни возења по локалните тркачки патеки, често се посетуваат и прочуените „борилишта“ во Европа, како Спа Франкоршамп, Ле Кастел, а задолжително и Нирбургринг, со 20-километарската Нордшлајфе. Членовите на Класик Кар Клуб го запознаваат светот со педал за гас пристиснат до крај.
Премногу е добро да биде вистинито: Членовите „плаќаат“ по еден градски автомобил годишно
Уживањето е големо, па и цената е соодветна. За да ги користат услугите на клубот, членовите купуваат бодови. Колку пари, толку бодови. Со нив се купуваат денови за возење. Секако дека „појаките“ автомобили и возењето во викендите чини повеќе бодови. Во просек, членовите плаќаат 12.000 долари годишно и ги користат возилата на клубот во 35 денови во годината.
Во изминативе десетина години секогаш постоеја контроверзи околу тоа дали фановите прескапо ја плаќаат својата страст за брзи и несекојдневни автомобили, и дали е подобро или помудро парите да се потрошат на сопствен, обичен автомобил. Постојат и варијанти во коишто „влијателни“ познавачи на автомобилската сцена ги исмејуваат членовите како „богаташи кои на тој начин си купуваат пријателства.“
Секако дека постојат и издржани тврдења, солидни аргументи. Суперавтомобилите годишно губат двојно повеќе од својата вредност отколку што чини членувањето и користењето на автомобилите во клубот. Покрај тоа, осигурувањето е платено, одржувањето и поправките исто така, паркингот… Дискусиите околу одржаноста на идејата за престижни автоклубови како Класик Кар Клуб, денес е беспредметна. Во светските метрополи веќе одамна постои трендот: Малечок и евтин автомобил за низ град, по можност со електрифицирана погонска спрега. За викенди и за слободно време, скапи и престижни автомобили за уживање, по можност изнајмени на неколкудневно користење од мрежата на BMW или Mercedes.
Постои уште подобра и „понова“ варијанта: Откажување од сопствен автомобил и преоѓање на шемата на „carsharing“ за секојдневието, за потоа во слободното време да се користат услугите на клубовите од типот на „ЦЦЦ“, чијшто број во иднина може само да се зголемува.
Стари легенди добиваат нова младост со електричен погон
Концептен автомобил за 40.000 евра, тркачки Citroen за 20.000 евра
Вложувањето во олдтајмери носи заработка и до 200 проценти
Враќањето на оваа легенда ни годи: Alpine A110