за ,

Кога и на клима уредот му станува жешко

одржување на клима уредот во автомобилот

Како по правило, клима уредот престанува да функционира кога е најпотребен. Но, тука не се работи за инаетен карактер, туку за последиците од нередовно и неправилно одржување

Користа од клима уредот во автомобилот се чувствува најмногу кога и човечкиот организам се префрлува на „помошна програма“. Но, токму во тие ситуации, кога разладувањето на кабината е неопходно, возачот допрва дознава дека клима уредот не работи правилно. Исто како што моторот бара редовно сервисирање, така и клима уредот треба повремено да се стави на проверка. Експертскиот зафат, доколку е навремен, може да биде спас од скапи поправки.

Климата во автомобилот обично треба да се проверува на секои две години. Системот губи по 10 проценти од разладното средство секоја година. Овој недостиг води кон намалување на разладното дејство и до можност за оштетување на компресорот. Штетата на компресорот, којашто се должи на неправилно одржување, може да чини и над 1.000 евра. Но, овие штети најчесто може да се спречат, доколку уредот се проверува редовно. Секако дека постојат и специјализирани работилници за сервисирање клима уреди, на коишто во одредени случаи треба да им се даде предност.

редовно одржување на клима уредот

Одржувањето на клима уредот се состои од вшмукување на разладното средство, отстранување на влажноста од уредот, проверка на херметичноста, и секако, повторно полнење на уредот. Експертите советуваат во исто време да се провери филтерот за кабината и по потреба да се замени, како и да се изврши дезинфенција на клима уредот. Таа се врши со „плакнење“ на целиот систем за проветрување со специјално средство. Истото е потребно заради отстранување на бактериите и габите, коишто во спротивно добиваат одлична подлога за размножување во каналите на системот.

Дознајте повеќе на следните линкови:

Клима-уредот во автомобилот не е само за во лето

Клима уредот може да биде извор на бактерии во кабината

Која е правилната температура за клима уредот во автомобилот?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volvo xc40 и Ford Focus

Пет ѕвезди од Euro NCAP за безбедноста на Volvo XC40 и Ford Focus

Mitsubishi Eclipse Cross

Mitsubishi Eclipse Cross на тест во магазинот Ауто Билд