за

Кина ја заживува продажбата на коли преку маски и ароматерапија

Кина ја заживува продажбата на коли преку маски и ароматерапија
Кина ја заживува продажбата на коли преку маски и ароматерапија

Производителите на автомобили со традиција подолга од еден век сигурно не треба да се учат како да произведуваат или да продаваат автомобили. Но, во време на корона, сé е различно. Некои кинески производители смислија посебни понуди за да ги вратат купувачите во салоните.

Европските фабрики за автомобили моментно мируваат. Никој не може точно да предвиди кога повторно ќе стартува производството. Пазарните експерти ценат дека производителите ќе мора да настапат со големи попусти, за да се врати вообичаената продажна динамика. Но, постои можност дека попустите нема да бидат доволни за да се привлечат купувачите.

На најголемиот автомобилски пазар во светот, Кина, кризата од корона се чини дека е надмината и луѓето му се враќаат на вообичаеното секојдневие. Продажбата на автомобили исто така заживува, откако беше забележан голем пад во јануари и февруари. Но, освен попусти, кинеските дилери имаат и дополнителни понуди.

Wuling своите автомобили ги продава со комплет заштитни маски за целото семејство

Wuling, заедничката марка на General Motors и Saic, покрај попусти за своите модели, нуди и комплет заштитни маски. Тоа се чини непотребно, затоа што големата земја веќе одамна не се соочува со недостиг од маски. Можеби заинтересираните купувачи ќе го гледаат овој чекор како симболична мерка на заштита или инвестиција во иднината. Пазарот ќе покаже дали необичната акција на Wuling ќе покаже ефект.

Од останатите производители, интересен е примерот со Guangzhou, кадешто се става акцент на традиционалната кинеска медицина. Тоа што Guangzhou им го нуди на купувачите на својот електричен СУВ со моделско име Aion е ароматерапија. Миризбата што се шири низ кабината, според производителот има лекувачко дејство.

Марката Geely, којашто на домашниот пазар настапува како премиум марка и во чијшто концерн спаѓа и Volvo, привлекува купувачи нудејќи им: Чист воздух! Geely ги продава своите возила со нов вид на филтер за кабина. По кризата од корона, здравата клима во кабината на возилото е поважна од кога било досега.

Достигнувањето на Geely е дотолку поголемо што новиот филтер за воздух беше развиен за само 20 денови. Системот наречен IAPS навистина функционира и продажбата на возила се зголеми откако почна рекламната кампања. Geely дури и го симна Volkswagen од тронот и стана најпродавана автомобилска марка на кинескиот пазар.

Поголемо влијание врз зголемената продажба на Geely има новиот концепт на бесконтактна продажба на автомобил

Тоа сепак можеби и не е главната причина за наглото зголемување на продажбата на Geely. Бидејќи мерките за заштита оневозможуваат заинтересираните купувачи да ги посетат салоните и да направат пробно возење, Geely ги доставува возилата пред домот.

Возилата се наполнети до врв и дезинфицирани, се оставаат одредено време да мируваат на договореното место и потоа се преземаат назад по извршеното пробно возење. Geely на овој начин овозможи целосно безконтактно купување автомобил. Изборот на моделот, склучувањето договор и потребните формалности исто така се одвиваат онлајн по пробното возење.

Дрон го испорачува клучот од возилото

Откако ќе заврши целата процедура, преостанува само уште предавањето на клучевите. За и тоа да се врши безконтактно, Geely има план клучевите во иднина да ги предава преку дрон. Откако возилото ќе пристигне кај клиентот измиено и дезинфицирано, во договореното време пристига дрон со клучот за возилото.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

prevent произведува заштитна опрема

Од производство на навлаки за седишта до заштитна облека