за

Во Кина повторно расте продажбата на автомобили

Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина
Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина

Кинескиот автомобилски пазар забележа раст од 12 проценти во мај. Најголемиот пазар во светот го продолжи позитивниот тренд од минатиот месец, откако продажбата колабираше целосно во февруари и март.

Кинескиот автомобилски пазар продолжи со масивен раст и во мај, по драстичниот пад во почетокот на годината поради корона-кризата. Во споредба со истиот месец лани, продажбата се зголемила за 12 проценти, со вкупно 2,14 милиони возила. За првите пет месеци, вкупната продажба сепак е во минус 23 проценти, со 7,9 милиони возила продадени од јануари до мај. Во продажбата се опфатени и околу 300.000 лесни доставни возила.

Ситуацијата беше сосем различна во февруари, кога пазарот колабираше поради корона-кризата. Во март уште се чувствуваа последиците од пандемијата и продажбата остана во длабок минус. Повеќето фабрики ги имаа запрено своите погони, додека салоните во земјата затворија уште долго пред тоа. Но, ситуацијата почна да се подобрува во април. Кинеската влада воведе низа мерки, со цел да се поттикне продажбата на возила.

За глобалната бранша е важно кинескиот пазар да биде во добро „ресположени“, затоа што оттаму доаѓаат дополнителните средства што производителите ги вложуваат во истражување и развој

Мала е веројатноста дека пазарот во земјата ќе успее да заздраве целосно до крајот на годината, поради намалената куповна моќ, трговскиот спор меѓу Кина и САД, како и ослабнатиот интерес на купувачите. Здружението на производители на автомобили во земјата предупреди дека вкупната продажба годинава би можело да заврши со пад од 25 проценти.

Пазарот во земјата е мошне важен и за глобалната бранша. Повеќето моќни концерни, меѓу кои Daimler, Volkswagen или BMW постигнуваат најголема продажба токму во Кина.

Кина поставува полначи за струја за стопанството да заживее

Кина поставува полначи за струја за стопанството да заживее

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку килограми пластика има во денешните автомобили Skoda scala

Колку килограми пластика има во денешните автомобили?

Јапонски град воведе забрана за мобилен за пешаците

Јапонски град воведе забрана за мобилен за пешаците