163
27 shares, 163 points

Продолжува да опаѓа продажбата на најголемиот пазар на автомобили во светот. Во минатиот месец во Кина беа продадени 12% помалку возила. Најмногу се погодени големите производители.

Намалувањето на продажбата на кинескиот пазар на автомобили ги загрижува големите производители. Пазарот што со години наназад им обезбедуваше голем пораст на автомобилските марки, веќе десетти месец по ред бележи минус. Во март биле продадени 12 проценти помалку возила отколку во истиот месец лани.

Царинскиот спор меѓу САД и Кина е главната причина за смалената продажба на автомобили на кинескиот пазар. Лани првпат беше забележан пад по повеќе од дваесет години. Веќе од следниот месец ќе се знае како понатаму ќе продолжи динамиката на продажба на кинескиот пазар, затоа што многумина купувачи го чекаа 1-ви април и најавеното намалување на стапката на ДДВ.

Аналитичарите предвидуваат дека пазарот на електрични, хибридни и водородни автомобили во Кина, годинава ќе се зголеми на 1,7 милион примероци или 100.000 автомобили повеќе од лани

Нема криза за премиум марките. Mercedes во март ја зголеми продажбата во азиската земја за околу 6 проценти. Цената не е пресуден фактор за кинеските бизнисмени. Големите лимузини и теренци претставуваат моќен статусен симбол во земјата. Ист е случајот со Audi, чијашто продажба во минатиот месец се зголемила за 2,3 проценти.

Кинескиот пазар уште е далеку од заситување. Додека во Германија, како најголем пазар за автомобили во Европа, има 690 регистрирани автомобили на 1.000 жители, соодносот во Кина е 170 возила на илјада жители. Тоа што го прави пазарот посебен е големата прифатеност на новите технологии и мобилни услуги од страна на тамошните возачки и возачи.

Ford за три години ќе пушти 30 нови модели во Кина

Уште еден Volkswagen на струја: ID Roomzz премиерно во Кина

Porsche со воз до Кина за 20 дена, двапати побрзо од брод

BMW X1 само за Кина со нов хибриден погон и продолжена каросерија

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
27 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *