за

Кинескиот пазар повторно во минус

Кинескиот пазар повторно во минус
Кинескиот пазар повторно во минус

Во јули повторно се продадоа помалку возила на кинескиот пазар отколку во истиот месец лани. Според производителите, царинскиот спор меѓу САД и Кина предизвикува колебање кај потенцијалните купувачи.

Продолжува слабеењето на најголемиот автомобилски пазар во светот. Во јули, во Кина се продале 1,51 милион возила или за 5,3 проценти помалку автомобили отколку во истиот месец лани. Еден месец порано имаше зголемување во продажбата, но единствената причина за тоа беше што лани во истиот месец имаше голем пад во испораките на нови автомобили на кинескиот пазар.

За првите седум месеци од годинава, продажбата на лимузини, миниванови, СУВ и малечки доставни возила е опадната за 8,7 проценти, на 11,64 милиони возила. Според оцената на производителите на автомобили, причината за мирувањето на кинескиот пазар, кој некогаш им обезбедуваше огромен раст во вкупната продажба, се должи на царинскиот спор меѓу САД и Пекинг. Ова одмерување на силите меѓу традиционалниот економски моќник и новата светска сила предизвикува колебање кај потенцијалните купувачи.

Тоа е вообичаено, премиум марките најмалку трпат од негативниот тренд. Mercedes, Audi и BMW ја задржуваат инерцијата и продаваат исто како пред пазарната криза.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bugatti_eb110_campogalliano_istorija

Враќањето на Bugatti пред враќањето на Bugatti: EB 110

Штутгарт воведува темпо 40 за почист воздух во градот

Штутгарт воведува темпо 40 за почист воздух во градот