145
19 shares, 145 points

Кина во текот на 2019 година првпат ги престигна САД во поглед на бројот на пријави за патенти. Според податоците од светската организација што е надлежна на ова поле, азиската земја лани пријавила 59.000 патенти. Тоа се илјада патенти повеќе од САД.

Од 1978 година, Соединетите Американски Држави постојано беа на врвот на светската листа на земји со најмногу патенти, односно иновации. Брзото искачување на Кина до позицијата на водечки иноватор во светот е јасен доказ дека центарот на моќта за иновации е поместен на Истокот.

Повеќе од половина од сите пријавени патенти во светски рамки отпаѓаат на Азија. На третото место се Јапонците, а потоа следи Германија, со 19.350 пријави во минатата година. Меѓу земјите што традиционално пријавуваат голем број патенти, единствено кај Холандија и Германија постои опаѓање во бројот на пријави. Турција првпат се пласираше меѓу 15-те водечки иноватори во светот, со зголемување на бројот на патенти за 46 проценти.

Македонија според глобалниот индекс на иновативност за 2019 година е пласирана на 59-то место од 129 држави. Индексот се пресметува врз основа на 80 индикатори.

Одделно по технолошки полиња, најголемиот број пријави за патенти се однесуваат на компјутерската технологија, а по неа следат дигиталната комуникација и конструирањето електрични машини. Меѓу одделните фирми, пак, предводи кинескиот телекомуникациски концерн Huawei со 4.440 пријави за патенти. На врвот се уште Mitsubishi, Samsung и Qualcomm .

Барање за заштита на патент обично се поднесуваат за нови видови производи, процеси или технички решенија за проблеми. Целата е единствено субјектот што ќе го регистрира патентот да има право на комерцијален интерес од истиот. Заштитата на патентот обично се обновува на секои 20 години.

Станува збор за особено комплицирана постапка, како изгледа таа, може најдобро да се погледне преку примерот со Mitsubishi:

https://www.mitsubishielectric.com/en/about/rd/ip/patent/index.page


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *