159
21 shares, 159 points

Продажбата на најголемиот пазар на автомобили во светот веќе една година е во опаѓање. Постојат повеќе причини за тоа. Единствено нема криза за луксузните возила, но тоа не важи за сите премиум марки.

По вртоглавите бројки за раст на продажбата, кинескиот автомобилски пазар веќе една година е во опаѓање. Продажбата на патнички возила, СУВ, комбиња и доставни возила во мај се намали за 12,5 проценти во споредба со истиот месец лани, на 1,61 милион возила. Тоа е веќе дванаесетти месец со постојано намалување на продажбата.

Секако дека постои загриженост во кинеските здруженија на производители и увозници на возила. Токму домашните производители трпат најмногу штета од слабеењето на купувачкиот дух на Кинезите. Само продажбата на домашните марки се намалила за една четвртина. Единствено нема криза за премиум марките. Кај нив има зголемување на продажбата за близу десет проценти.

Повеќе од 20 години, кинескиот автомобилски пазар познаваше само еден тренд, нагоре

Слабеењето на пазарот започна со царинскиот спор меѓу САД и Кина, кој предизвика несигурност кај потенцијалните купувачи во големата азиска земја. Во последниот период се надоврзува и несигурноста на домашната економија. Автомобилскиот пазар во Кина во 2018 година првпат забележа пад по повеќе од 20 години.

Кина е најважен единечен пазар за концерните Volkswagen, Daimler и BMW. Продажбата на возила од марките Mercedes и BMW продолжува да расте, затоа што добростоечките Кинези и натаму особено ги ценат премиум марките од Германија. Единствено Audi го пропушта овој тренд, со малиот пад во продажбата во Кина во првите пет месеци.

Skoda го подготвува и петтиот СУВ-модел за Кина

Автопилотот на Tesla поскап поради високите царини за Кина

Кина за годинава очекува продажба на 28 милиони возила

Кинескиот BYD отвора четврта фабрика, капацитет за уште 400K електромобили


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
21 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *