за

Кинеските вложувања во ЕУ намалени за третина

Кинеските вложувања во ЕУ намалени за третина
Кинеските вложувања во ЕУ намалени за третина

Вложувањата на кинеските компании во ЕУ се намалиле значително во текот на минатата година. Во иднина се очекуваат неколку стратешки откупи на акции во европските компании, меѓу другото и во автомобилскиот сектор.

Компаниите од Кина лани повторно потрошиле помалку пари за преземање на фирми во ЕУ. Директните инвестиции во 28 држави на ЕУ во минатата година се намалиле за 33 проценти и истите изнесуваат дванаесет милијарди евра. По рекордот во 2016 година, ова е трето намалување на обемот на кинеските инвестиции во низа.

Кинеските компании и натаму имаат голем интерес за купување фирми во странство, но сменетите регулативи во Кина и во Европа направија процедурата околу подигнувањето капитал и добивањето одобрение, од страна на контролните одбори во компаниите, да стане многу покомплицирана.

Кризата од пандемијата оневозможи кинеските обиди за преземање компании во Европа да бидат ставени во мирување

Актуелната криза поради пандемијата од корона уште повеќе ги оневозможува инвестициите на Кинезите. Во февруари и во март мируваше голем дел од кинеската економија, што соодветно се рефлектираше и во склучувањето нови бизнис зделки.

Од друга страна, кризата им отвори нови шанси на кинеските фирми, за купување во Европа и ширум светот, затоа што берзите крахираа. Овојпат сепак е намалена опасноста дека кинеските инвеститори ќе извршат масовно купување, како што беше случај по финансиската криза во 2009 година и европската криза во 2013 година.

Планот на Кина е преку купување технолошки компании да го модернизира сопственото стопанство

Фирмите од технолошкиот сектор биле примарна цел за купување на кинеските компании лани. Европските власти посебно стравуваат за ова стратешки важно подрачје. На технолошките компании отпаѓа една петина од сите трансакции, со вкупен волумен од 2,4 милијарди евра.

Како еден странец стекнуваше возачка дозвола во Кина

Експертите посочуваат дека Кина продолжува со реализацијата на планот да го модернизира стопанството во државата со помош на стратешки преземања. Но, со построгите процедури околу инвестициите им е отежнато на кинеските компаии да инвестираат во критичните технолошки подрачја.

За претстојниот период може да се очекува дека кинеските бизнисмени ќе се обидат да посегнат, на пример, по индустријата за чипови во Велика Британија или во автомобилскиот сектор во Германија. Меѓутоа, европските мерки за стабилизација, целосно ќе ги спречат тие обиди.

Кина ја заживува продажбата на коли преку маски и ароматерапија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

emco NOVA R 3000

Електро-веспа со италијански стил и произведена во Кина

skoda kamiq виртуелен кокпит

Виртуелниот кокпит и добриот звук се бараат кај Skoda Scala и Kamiq